Успешен крај на групната фаза, токму таков каков што посакуваа ракометарките на Вардар кој со вечерашната победа го освоија првото место во групата А и обезбедија директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Зад нив на второто и третото место се унгарскиот ФТЦ и Будуќност од Подгорица со по 14 бода. Од оваа група понатаму оди уште и Мец којшто првпат во историјата ќе игра во осминафинале на ЛШ.
По двата неочекувани порази едно по друго во предходните две кола (дебакл од Мец во Франција), шампионките на Македонија вечерва со 10 гола разлика го победија германски Турингер.
Германките во Скопје стигнаа со само 11 ракометарки поради тоа што веќе ги загубија сите шанси за пласман понатаму, така што Вардар имаше олесната работа. Со серија од 5-0 во првите 10 минути, избраничките на Дибирова најавија во која насока ќе оди мечот.
Предноста само растеше во моментот кога Вардар имаше 7-2, Турингер не успеваше ниту да упати удар кон голот на Суслина. До крајот на првиот дел домаќинките заминаа на највисоки 9 голови предност (18-9) а на полувремето заминаа со 19-12.
Вториот дел беше сосема лесен за ‘црвено-црните’ кои може да си приуштат експериментирање во нападот и одбраната. Со својот осми погодок, Јованка Радичевиќ Вардар на 18 минути пред крајот имаше 27-17 а набрзо Црногорката ги донесе и највисокие 11+.
Германките, во видно изменет состав направија 21 техничка грешка а Вардар имаше само 7, далеку помалку од претходно коло кога во Мец не знаеа за себе. За потполн впечаток до крајот од мечот гледачите во СЦ. Јане Сандански видоа неколку атрактивни потези и конечни 36-26.
Репрезентативката на Црна Гора, Радичевиќ со 9 погодоци беше најефикасна на мечот, а по пет запишаа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ. Во редовите на Турингер Ивета Лузумова беше прв стрелец со седум гола.
Вечерашното коло беше последно од групната фаза во Лигата на шампионите, така што сега следува пауза и недела на ЕХФ во која ќе има репрезентативни собири.
Првиот натпревар од четвртфиналната фаза Вардарки ќе го играат или на 7 или на 9 април а реваншите ќе бидат следниот викенд 14/16 април. За противник Вардар најверојатно ќе го има данскиот Митјиланд кој во моментов е 4. во групата А или актуелниот шампион ЧСМ Букурешт кој утре ќе игра против последнопласираниот Есјберг за да го избегнат Вардар во ноакут рундата.