„Со Германците ништо не е готово ни кога ќе влезат во соблекувалните“ е фамозната фраза која што ја повторуваат сите кои за противник имаат екипа од оваа земја.
Токму на тоа мислеше селекторот на македонската репрезентација и предводник на Вардар, Раул Гонзалес во пресрет на реваншот со Флензбург.
„Знаете, ова е второ полувреме од четвртфиналето. Имаме два разлика но таа ситуација не треба да нè занесе. Во Флензбург одигравме многу добар натпревар, но треба да знаеме дека тие се одлична екипа и дека ќе пружат максиммум. Го покажаа тоа и на минатиот меч кога второто полувреме беше многу тешко за нас. Ќе биде тешко и во четврток, не очекува многу тежок дуел. Имаме предност, но притисокот сега е кај нас. Имам доверба во моите играчи дека ќе одиграме за Фајнал Фор во Келн“, изјави Гонзалес.
Шпанецот потсетува и на дуелот меѓу Вардар и Флензбург пред три години кога црвено-црните загубија поради тоа што Германците дадоа повеќе голови на гостински терен.
„Нè очекува втор натпревар до Флензбург за Ф4 во Келн. Имаме предност од два гола, но тоа не треба да не опушта премногу. Екипата е спремна и се надевам дека нема да разочараме. Долго го чекаме овој Фајнл Фор и мислам дека сега имаме голема шанса да се пласираме и да се радуваме и ние и нашата публика. Се зависи од нас“, заклучи пивотот на македонската репрезентација.
Што се однесува до составот, Карачиќ кој не се појави на првиот натпревар би требало да може да им помогне на соиграчите во реваншот.
Натпреварот се игра во четврток од 19 часот, а домаќинот истакна дека ќе има забрана за внесување на ранци, торби како и влез за деца до 7 години поради тоа што мечот е прогласен за дуел од висок ризик.