Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Идол од детството на многу генерации. Човек кој од најрана возраст сам го трасирал патот, а на едно градилиште во Австралија го добил препознатливото име со кое стана светски познат. Таму сфатил дека глумата и кунг-футо повеќе го влечат.
Мирјам Потербин е козметолог, претприемач, поранешна танчерка и модел од Словенија. Светот ја знае како мајка на еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ.
Тренерот на мексиканскиот Монтереј е многу интересен лик од мешан брак. Се вика Антонио Мохамед Матијевиќ. Во Латинска Америка важи за многу почитуван стратег. Синоќа неговиот Монтереј на гости со 1:3 ја победи Клуб Америка во мексиканската лига, ама син му ја утна работата.
Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот 2018, а во генерацијата играа фудбалери чии животни приказни се фантастична подлога за добри филмови. Најмногу внимание би привлекол оној за животот и кариерата на Иван Перишиќ.
На 17-ти август пред 15 години, во 2005-та, селекторот на Аргентина Хозе Пекерман решава да го викне 18-годишниот Лео Меси во составот за пријателската против Унгарија на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. И малиот Лео добива шанса да влезе во игра, ама на терен остана само 43 секунди.
Борусија со неверојатни 11-2 ја победи Австрија Виена во пријателска средба во текот на подготовките, а еден од стрелците на гол беше и 17-годишниот Џуд Белингем кој покажа што знае.
На 8 август 2009-та, Лајпциг го доживеа пречекот во светот на фудбалот. Почетоците на клубот беа далеку од гламурозни и далеку од центарот на вниманието. Без ВИП салони, климатизирани соблекувални и високо технолошки прес центри.
Имобиле и Роналдо сезонава се главни фаци во италијанско, исто како и Лукаку. Но се запрашал ли некој кој е четвртиот најдобар стрелец во Серија А, кој даде повеќе голови од многу славни голгетери? А пази ова, на 32 години ја игра само третата сезона во елитното друштво.
На една од бројните гала вечери и доделувања на Златна топка за најдобар играч на светот според ФИФА и Франс Фудбал, Кристијано Роналдо дојден со мајка му и син му. Во еден момент малиот го здогледува својот најголем идол и не му се верува што гледа. Сите стегнати и збунети.
Језиво беше видеото кое излезе пред околу 20 дена, а на него се гледа како 16 годишниот голман од Русија, Иван Зарабовски го удира гром и паѓа како покосен. Но малиот некако преживеа, се крена јуначки, даде интервју во врска со случката и потпиша нов договор во трета лига.
Познат како син на еден од највисоките кошаркари кои се појавиле во НБА лигата, Суданецот Мануте Бол, 21-годишниот Бол Бол дебитираше за Денвер Нагетс во подготвителниот меч за рестарт на сезоната против Вашингтон Визардс.
„Рома отсекогаш бил клуб со меѓународен карактер, со сентиментална атмосфера. Овој клуб е отворен за луѓето, остава простор за фантазија, во него може да видите самба, боса нова, дури и почуствително танго“, рекол за Рома Мориконе.
Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.
Во февруари годинава, во Бундеслигата беше поставен нов рекорд во брзина на трчање, дело на Ашраф Хакими кој против Унион Берлин трчаше со 36.5 км на час. Има 21 година, а веќе стапна во Ла Лига, Бундес, а сега најново ќе игра во Серија А. Историјата за него ја раскажува човекот кој го откри.
Само неколку часа откако светот го достигна прилично шокантниот праг од 10 милиони случаи на ковид -19, стигна нова рекорд - 500.000 мртви. Тоа значи дека жртвениот биланс се има дуплирано за само седум недели. Македонија својски се труди да биде една од најлошите.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
Некој ќе рече има и на Балканов публика (Србија, Црна Гора и Хрватска), ама видовме по примерот на тенискиот тур Адриа Тур како тоа заврши. Зошто гледачи нема во Англија, Шпанија, Италија, а во Данска има лимитиран број?
По завршувањето на ерата со Мурињо, тешко му беше на Интер да пронајде тренер кој ќе го одржи на врвот. Еден од оние кој не успеа беше Клаудио Раниери. Тој не издржа една сезона, а едно дете пак не можеше повеќе да го издржи притисокот во школо.
Германската јавност е спремна да му подигне споменик на Дитмар Хоп, милијардерот којшто го одби Доналд Трамп да му го продаде „рецептот“ за вакцина против КОВИД-19. А државата Германија одвои 300 милиони евра за научниците од неговата фирма кои деноноќно работат над вакцина.
Во периодот на самоизолација, меѓу себе на Инстаграм разговараа двајца генијалци, двајца страшни техничари - Роналдо и Фалкао (футсал). Зборат за полезноста од мал фудбал а Рони кажува дека играњето на мал простор во сала многу му помогнало во кариерата.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.
Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.