Проблематичниот пат на Лајпциг до врвниот фудбал

На 8 август 2009-та, Лајпциг го доживеа пречекот во светот на фудбалот. Почетоците на клубот беа далеку од гламурозни и далеку од центарот на вниманието. Без ВИП салони, климатизирани соблекувални и високо технолошки прес центри.

Само неколку камери од локалните медиуми и еден регионален, го следеле првот меч на Лајпциг. На трибините имало 55 навивачи кои го гледале нивниот нерешен резултат против резервниот тим на нисколигашот Карл Зеис Јена, благодарение на автогол при крајот.

Нивниот тренер Тино Вогел, син на фудбалската легенда Еберхард Вогел се појавил вознемирен по мечот, не поради перформансот на неговиот тим, туку поради недостаток на огради, што нормално ги вознемирува играчите кои се многу блиску до навивачите.

Малиот стадионот по име Платц 3 покрај главната арена на Јена, било несоодветно место со оглед на омразата на навивачите кон милијардерската компанија Ред Бул и нивните фудбалски напори во земја каде не сакаат богаташи да владеат со најпопуларната игра.

За време на мечот, дефанзивецот Стефан Шуман се мачел да изведе аут, бидејќи навивачите кои биле блиску до теренот, фрлале разни предмети.

„Дека играчите се плукаат и таквите работи се катастрофа. Тоа не е дел од спортот“, рече Даниел Росин, искусен играч од среден ред кој порано играше за резервниот тим на Баерн Минхен.

Но во тоа саботно попладне во Јена, Лајпциг стана дел од спортот.

Нешто повеќе од осум и пол години подоцна почна да се натпреварува во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во Бундеслигата и ги направи првите чекори на европската трева. Со текот на годините, чекор по чекор, се приближуваа до нивниот сон и се пробија во највисоките рангови, домашно и меѓународно.

Успеаа да стигнат до четири промоции во рок од седум години што е невообичаено брзо темпо. Сепак во раните години се соочија со тешкотии и тоа беше сè, само не гламурозно.

„Мислам дека не беше нереално да се игра во периферијата, но беше навистина реално во тоа време што некои зборуваа за Лига на шампиони и идните првенства“, се сеќава Матијас Киелинг, водечки хроничар на Лајпциг и сопственик Rotebrauseblogger.de.

Кога тој почнал да ги покрива настапите во 2010-та, Лајпциг сè уште играл во петта дивизија. Денес тој е експерт за една од најамбициозните страни во Европа.

Сето ова било можно само заради финансиската поддршка на Ред Бул, светски познатото австриско претпријатие за енергетски пијалаци, кое сакаше да се пробие во светот на фудбалот на ист начин како што влегоа во екстремни спортови.

Првиот обид сепак им завршил катастрофа. Во 2005-та го купија мнозинскиот удел на Австрија Салцбург, борбен клуб со богата традиција, кој се наоѓа во близина на седиштето на Ред Бул во Фушл. Но тогаш не биле паметни кога преговарале со австриските навивачи и се однесувале како бик во продавница за храна.

„Нештата требаше да се променат, сите го знаевме тоа и првично мислев дека Ред Бул влегува како уште еден спонзор, како што го имавме Казинос Австрија или Вистерот уште од 70-те“, вели Дитер Раиниш, навивач на Австрија.

Брзо после нивниот влез, Ред Бул го сменил беџот и боите на клубот и брзо донел забрана за користење на виолетова боја на нивниот стадион, боја која беше трговска марка на Австрија Салцбург со децении. Реакцијата била неизбежна.

„Беше тешко. Го следев клубот со години и наеднаш некои експерти за маркетинг доаѓаат и ви плукаат во лице. Јас станав навивач уште како дете кога во 1993-та игравме во финалето на Купот на УЕФА против Интер. Првенството го освоивме три пати и ништо не може да биде толку добро што ќе дојде по 2006-та“, смета Раиниш.

И покрај тоа што Ред Бул Салцбург освои осум првенствени титули за 12 години, нивната замисла не ја реализираа до крај. Во првите неколку месеци од нивното постоење и наштетија на фан базата на клубот, а австриската Бундеслига беше премала за да привлече играчи од светска класа, за разлика од германската Бундеслига.

Ред Бул сакал да избегне било какви грешки со започнување на нивниот нов фудбалски проект според нов различен сет на мерки. Компанијата не може само да купи друг клуб и веднаш да започне да лета високо. Мораше да одат сè до најниските лиги, како дивизијата Саксонија, каде играше мал приградски клуб по име Маркранштат.

Само неколку километри од источната метропола Лајпциг, се чинело дека Маркранштат е совршена цел за преземање. Откако се состанале двете страни, било договорено Маркранштат да продолжи со своето име, прво како резервен тим на Лајпциг, а подоцна како свој ентитет. Ред Бул можел да го прескокне она што требал да ги стави на фудбалската карта.

Лајпциг се разликува од другите спортски напори што ги започнала компанијата во текот на годините. Сноубордингот го привлече вниманието на нешто поширока јавност, но само повремено. Екстремните спортови се за млада и хип публика, типични потрошувачи на Ред Бул.

Дури и рекордниот скок на Феликс Баумгартнер од стратосферата, што беше овозможен само затоа што Ред Бул ја финансираше операцијата со десетици милиони евра, достигна краток врв на вниманието на јавноста, а подготовката се случи зад затворени врати.

Фудбалот е различен свет и сè е во центарот на вниманието. Секој чекор е покриен и коментиран од постојано растечки медиуми, преку интернет блогови и форуми на навивачите.

„Трите години во четвртата дивизија сигурно не беа добри за буџетот на Ред Бул, но беа добри за клубот, затоа што Лајпциг имаше шанса да расте. Планирањето на тренинг комплекс, менаџментот и изградбата на стабилна навивачка заедница беа поважни од влегувањето во Бундеслигата една или две години порано“, раскажува Кислинг.

Иако Ред Бул се држел до проектот, работите не се одвивале непречено како што било планирано. Откако биле промовирани во нивната прва сезона, тимот имал значителни проблеми за решавање и што е уште поважно, немало човек кој може да им го одреди курсот по кој треба да се движат.

Се додека Ралф Рангник не го презел во 2012-та, менаџментот немал стратегија и бил зависен од расположението на Дитрих Матешиц, ЦЕО на Ред Бул. Прво за координатор на сите фудбалски работи во клубот го ангажирал Дитмар Бејсдорфер, кога Лајпциг бил уште во петтата дивизија.

Неговата прва одлука била отпуштање на Тино Вогел на тренерската позиција.

„Бејсдорфер направи грешка што ја остави позицијата спортски директор празна и затоа ново ангажираниот тренер Томаш Орал мораше да се бори против кризи, проблеми со составот и критики на јавноста. Кога ја исправи грешката со ангажирање на Томас Линк како нов спортски директор, Матешиц му се вмеша во работата и по само една испиена чаша вино со Питер Пакулт, го назначи за тренер. Бејсдорфер и Линк беа огорчени си поднесоа оставки“.

„Лајпциг уште еднаш остана без лидер, кој можеше да се погрижи за трансфери и деловни зделки, што меѓу другото доведе до јавна расправија меѓу Лајпциг и Салцбург околу австрискиот напаѓач Роман Волнер кој требаше да потпише. Сите тие грешки завршија кога во игра влезе Ралф Рангик. Тој спроведе јасна филозофија и во Салцбург и во Лајпциг. Ангажираше способен стручен штаб и се увери дека влијанието на Матешиц врз секојдневната работа во клубот, се спушти близу до нула“, сведочи Кислинг.

Спротивно на неговите претходници, Рангник имаше многу поголем пат за да потпишува нови играчи. Пред неговото доаѓање, Лајпциг имал стратегија за преземање слободни агенти под договор. Така клубот потпишал поранешни играчи од Бундес и од втора лига и ги плаќал како сè уште да играат таму.

Голем напредок бил забележан бидејќи во Лајпциг пристигнале таленти од висок профил како Јусуф Поулсен и Џошуа Кимик. Лицето на клубот се сменило, но не се променило ништо кај оние кои презираат сè што се залага клубот. Како на пример критички продолжиле да се однесуваат кон затворената клупска структура од само 17 члена и продолжиле да вршат притисокот поради недостатокот на традиција и историја.

Ред Бул бил навидум способен да учи од грешките во минатото.

„Компанијата дојде со искуство на трендовски спортски и маркетинг алатки, несоодветни за фудбалот. Ако ги гледате настапите на Светското првенство во одбојка на плажа и гледате како сите млади луѓе од околу скокаа на мелодиите на Дејвид Гета, токму тоа е она што го направи Ред Бул на стадион во летото 2005-та. Тие сакаат да видат настапи што го промовираат нивниот пијалак, а традиционалниот поддржувач на фудбалот не го промовира животниот стил на Ред Бул“.

„Во Лајпциг, тие скоро целосно избегнаа такво нешто, затоа што веројатно научија дека не можете само да ги менувате границите на спортот како што сакате. Во фудбалот мора да живеете со она што е таму“.

На 25 октомври 2017-та, Зентралштадион, по реконструкцијата го доби името Ред Бул Арена, а за првиот меч против Баерн Минхен бил распродаден. 42.000 навивачи го гледале куп мечот против кралевите на германскиот фудбал кои славеа на пенали.

Интензивното медиумско покривање, високите билети, продажбата на производи и внимание надвор од германските граници, ништо не потсетуваше на она саботно попладне на Плац 3 во Јана. Лајпциг и оние кои стојат зад клубот, стигнаа до планината.

А таа не се состоеше од тоа само да се стигне до прволигашки фудбал, туку бајката стана реалност и во Лига на шампиони. За некој можеби е неверно, но од синоќа тие се полуфиналисти и кој знае до каде им се границите.

14 август 2020 - 13:45