Таг: ред бул лајпциг

Навивачите на Фрајбург го бојкотираа гостувањето против Лајпциг и го бодреа вториот тим во трета лига

Лајпциг останува најомразен германски клуб поради концептот кој се коси со она што е германска пракса, а тоа е клубовите да бидат на навивачите, а не на богаташите. На навивачите на Фрајбург не им се трошеше време во Лајпциг зад кој веќе неколку години стои моќната компанија Ред Бул, па се решија да му дадат поддршка на вториот тим во трета лига. Интересно "Scheiss Red Bull" (срање Ред Бул) им скандираа заедно со навивачите на Минхен 1860.

Проблематичниот пат на Лајпциг до врвниот фудбал

На 8 август 2009-та, Лајпциг го доживеа пречекот во светот на фудбалот. Почетоците на клубот беа далеку од гламурозни и далеку од центарот на вниманието. Без ВИП салони, климатизирани соблекувални и високо технолошки прес центри.

Покер на Иличиќ во голеадата пред празен стадион во Валенсија

Во сенка на глобалната хистерија околу коронавирусот, вечерва се одиграа првите реванши од 1/8 финале на ЛШ. Аталанта ѝ даде 4 гола на Валенсија,  феноменалниот Иличиќ со 5 гола во двомечот.

Какво време дојде - американски фудбалери наголемо се селат во Бундеслига

Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.

Твит на колото - нормално од Леверкузен

Админите на Рома важат за едни од поинтересните твитерџии во светот на фудбалот. А ништо послаби не се ниту оние на Баер Леверкузен кои често ортачки настапуваат со Италијанциве. Синоќа Баер изгуби 2-1 од Ајнтрахт Франкфурт па админите на Лајпциг од нигде-никаде решија да ги пецнат „Аспиринџиите“ кои имаа спремен одговор.

Како УЕФА дозволи два Ред була да играат во иста група во Лига Европа?

Дали УЕФА е свесна дека во Лига Европа ќе играат два клупа со ист сопственик? Одговорот е: да, знае, но смета дека РБ Лајпциг и РБ Салцбург не се доволно силно поврзани за да ја стават под прашање чесноста на спортската борба меѓу нив.

Два клуба со ист спонзор ќе играат во Лига на шампионите

По некои „структурални измени“ УЕФА донесе одлука околу спорното прашање за учеството на Ред Бул Салцбург и Ред Бул Лајпциг во Лигата на шампионите, места кои двете екипи со ист сопственик и спонзор ги заслужија во австриската и германската лига.

Фудбалерите на најомразениот германски клуб не можеа да влезат на стадион

Лајпциг годинава за прв стана Бундеслигаш, но со милионите кои ги има на располагање треба да смисли некоја стратегија како да им се наметне на другите екипи и да им докаже дека ќе биде фер играч. Бидејќи каде и да се појават, се соочуваат со протести. Никој не ги сака.

Навивачите на Дортмунд со транзистор ќе се борат против капиталистички клуб

Викендов Дортмунд игра против Лапјциг на гости, а навивачите одлучија мечот да го следат на радио во својот град. Тие се големи борци против било какво корпоративно гледање фудбал и поради тоа го презират клубот на кој му забранија да прави шалови со нивното име, бои и грб.

Пет работи за најскапиот шкотски фудбалер во историјата

Го споредуваат со Бејл, го сакаа Барселона, Баерн и Манчестер, а тој со 13 настапи како стартер во втората англиска лига стана најскап шкотски фудбалер и направи трансфер во дебитантот на Бундеслигата. Селекцијата У21 ја прескокна.

Зошто Ред Бул Лајпциг е најомразен клуб во цела Германија

Тимот на Ред Бул Лајпциг обезбеди пласман во Бундеслигата, елитното германско друштво, но малкумина во оваа земја се среќни со тоа.