Какво време дојде - американски фудбалери наголемо се селат во Бундеслига

Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.

Најдобрата германска лига сосема неочекувано стана Мека за многу странци, во прв ред за Англичани и Американци кои се сè побројни. Чудно и необично.

КОИ СЕ МЛАДИТЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ УСПЕШНО ИГРААТ ВО БУНДЕСЛИГА?

Џош Сарџент

По неверојатниот развој на Американецот со хрватско потекло Кристијан Пулишиќ кој во Дортмунд потврди за каков бисер се работи па потпиша со Челси каде ќе оди на лето, германските клубови се повеќе се решаваат за деца од тоа поднебје.

„Во Америка можев да стигнам до професионалниот фудбал и да направам кариера, но јас сакав да играм против најдобрите и затоа ја одбрав Европа.“

Во 2017 Сарџент станал втор стрелец на Светското првенство U-20 и првиот Американец после Фреди Аду кој за една година играл на два Мундијали (Џош давал голови и на Светското U-17).

Сезонава овој 18-годишен фудбалски бисер од Америка почнал со вториот тим на Вердер Бремен но кога дал 7 гола на 12 меча, тренерот Флоријан Кофелд го прекомандувал во првиот тим.

„Сите видоа што може тоа дете. Неговото место е меѓу професионалците“, рекол тренерот.

Џош Сарџент дебитираше за Вердер со гол на само пола минута откако влезе во игра од клупата. Досега има 2 гола на 4 натпревари.

Вистон МакКени

20-годишниот универзален дефанзивец уште минатата година стигнал до првиот тим на Шалке, а сезонава тренерот Џовани Тедеско од него прави свој личен Деле Али.

Татко му на Вестон на почетокот на 2000-те години служел војска во авиобазата Рамштајн недалеку од Кајзерслаутерн, па затоа Макени се запознал со германскиот фудбал многу рано (три години играл за локалниот нисколигаш Феникс Отербах).

Кога се вратил во Америка, Вестон заиграл во американското првенство. На 17 години му нуделе целосна стипендија на универзитетот Вирџинија (родителите инсистирале на тоа) и професионален договор со ФК Далас во МЛС, но тој одбра друг пат и се врати во својата омилена Германија каде игра за Шалке.

Хаџи Рајт

Напаѓач, уште еден млад Американец во клубот од Гелзенкирхен. Израснал во академијата на ЛА Галакси, сезонава за Шалке одиграл 5 натпревари и дебитантски гол дал против Баер Леверкузен.

Лос Анџелес му предлагал на Рајт долгорочен договор, но Хаџи мечтаел само за Европа затоа што слушнал дека таму се игра најдобар фудбал и најмногу ќе се развие.

Во летото 2014, спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк отишол во Турција каде играла репрезентацијата на САД U-17. Неколку скаути го забележиле Рајт во своите нотеси и пробале да го регрутираат уште на лице место.

Цорк рекол: „Рајт не е лош, но обратете внимание на ова дете“.

Тоа дете било Кристијан Пулишиќ за кого на 2. јануари 2019 Челси на Дортмунд му плати фантастични 64 милиони евра!  Во јуниорската репрезентација на САД, Хаџи Рајт имал страшна статистика - 28 гола на 48 натпревари. Сезонава Рајт и МекКени неколку пати заедно заиграа од почеток за Шалке.

Тајлер Адамс

Лајпциг сакал да ја засили средината од теренот па зимава се обратил кај братскиот клуб Њујорк Ред Булс со цел од нив да го добие клучниот играч на новата и подмладена репрезентација на САД, Тајлер Адамс.

Тајлер е производ на фудбалскиот екосистем на Ред Бул во Америка.

Тој се развивал во Red Bull Development School во Њујорк, ги поминал сите младински категории на клубот, заиграл за вториот тим во втора лига и на крајот конечно дебитирал во МЛС.

Поранешниот главен тренер на Њујорк Ред Бул, Џеси Марш го тренирал Тајлер уште од 5 години: „Ние имаме многу талентирани момци, но Адамс и Пулишиќ се нешто посебно. Мислам дека следна ѕвезда после Кристијан (Пулишиќ) ќе стане Тајлер.“

Марш сега му е помошник на Ралф Рањик во Лајпциг и лично тој настојувал клубот да го доведе Тајлер Адамс.

Алфонсо Дејвис

Дури и гигант како Баерн Минхен бара засилувања преку океанот. 19-годишниот Канаѓанец Алфонсо Дејвис минатото лето го купиле за 13 милиони долари (сумата може да порасне и до 22 милиони и да стане рекордна за трансфер од МЛС лига).

Со Алфонсо Дејвис Баерн Минхен се спрема за заминувањето на Робен и Рибери.

Дејвис е роден во семејство на бегалци од Гана. Неговото семејство поради граѓанската војна побегнало во Либерија.

„Во татковината, за да бидеме безбедни и сигурни, цело време одевме со оружје. Но не сакавме да стреламе, сакавме само нормално да живееме.“

Во бегалскиот камп немало услови да посетува школо, па родителите го преселиле во Северна Америка. На 15 години Алфонсо дебитирал во фудбалската МЛС лига, а во 2017-та станал првиот играч на светот роден во XXI век кој постигнал гол на меѓународен турнир за репрезентации (Златниот Куп на Конкакаф).

Од друга страна, на пример, Јулијан Гресел (на фото горе) денес е најпознатиот германски фудбалер во МЛС и главен мотиватор за Европејците кои се борат да останат и да не се вратат дома.

Пред пет години Гресел го сменил родниот клуб Нојштад со универзитетскиот Провиденс Фриарс и на 20 години почнал кариера во студентска лига на САД.

Во 2017 како 8 пик на драфтот го одбрала Аталанта која штотуку обезбедила пласман во МЛС.

По крајот од сезоната Јулијан станал првиот Европеец во историјата кого го признале за најдобар новајлија во МЛС лигата. Минатата година тој ја освоил и шампионската титула, играл на најголемиот стадион на светот кој неретко е полн.

****

Во 2026 година Светското првенство во фудбал ќе се игра во Мексико, САД и Канада. Репрезентацијата на САД интересно се создава сега и тоа во Европа.