Ветувачки талент од млади години
Роден е на 7 април 1997-ма во Кирколди, град во источна Шкотска со 50.000 жители и на 8 години станува дел од младинската академија на Нотингем Форест. Потпиша професионален договор кусо време откако дебитираше во првиот тим на Стјуарт Пирс како замена на дуелот против Тотенхем во Лига купот на 24 септември 2014-та.
Следуваше позајмица на еден месец во Брадфорд Сити и два настапи во англиската Лига 1 кои му донесоа несреќен почеток во кариерата. Сепак со враќањето минатата сезона во Форест се естаблираше во прв тим и беше стартер во Чемпионшип лигата.
Бурк како Бурк
Со неговите искапнати и широки рамена, Бурк нема конституција на фудбалер кој игра на крилна позиција, туку има тело како рагбист.
Кога го постигна деби голот за Нотингем во декември минатата година против Кардиф Сити, го споредуваа со својот сонародник и истоименик Крис Бурк, поранешен играч на Ренџерс, Кардиф, Бирминген и селекцијата на Шкотска кој е член на Нотингем и пратен на позајмица во Ротерам.
Повик од Шкотска
Бурк повеќе пати влегол во игра како резерва, отколку како стартер (18 од вкупно 31 настап), но не било пречка селекторот Гордон Страхан да не го повика за репрезентација во март годинава. Страхан изјави дека било среќна коинциденција што заиграл во репрезентација додека тренерот кој го пратил на скаутирање добил задача да го следи крилниот играч на Виган, Тони Ват.
Некои крилни играчи ги победуваат противниците со брзина, други со измама, а трети со моќ. Во Бурк, Страхан видел нешто поразлично, а на пријателската против Данска која ја доби Шкотска со 1:0 тој ги покажал сите овие квалитети во пакет.
Тоа што од селекцијата У19 веднаш доби шанса во сениорската репрезентација и ја рипна У21 е доказ плус за неговите квалитети.
Нов лидер на репрезентација?
Во текот на летото имаше долги дебати околу тоа како Велс успеа да стигне до полуфинале на Европско, а Шкотска не успеа ниту да се квалификува. На таа тема се истакнуваше важноста на Герет Бејл.
Некои предвидуваат дека Бурк може да биде следниот Шкотланѓанец со статус на светска класа како Кени Даглиш и Денис Ло. По последните неколку голови против Виган, неговиот клупски колега Томас Лам по стилот и градбата го спореди Брук со Бејл.
„Тој е голем талент и потенцијално голем играч. Сличен е со Герет Бејл. Не сакам да кажам дека тој дефинитивно ќе биде добар колку него, но имаат сличности. Не се плаши од противниците“, рече финскиот дефанзивец Лам.
Од Чемпионшип во Бундеслига
Оливер Бурк летово беше поврзуван со трансфер во Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, Кристал Палас, Лестер, Манчестер Јунајтед, Сандерленд и Тотенхем. Сепак Лајпциг ги победи конкурентите од Премиер и Бундеслига.
Тренерот на Форест инсистираше тинејџерот да остане уште една година и да се кали во втора лига, но и покрај потписот до 2021 година, богатите газди на Лајпциг ја платија клаузулата вредна 13 милиони фунти.
Гигантскиот енергетски пијалак Ред Бул го формираше Лајпциг во 2009-та и експресно брзо сезонава го однесе во Бундеслигата. Спортскиот директор на клубот Ралф Рангинк го опиша Бурк како извонреден талент со страшен потенцијал и стана втор најскап трансфер во Лајпциг по Наби Кеита од Гвинеја кој дојде од Ред Бул Салцбург.
Најскапиот шкотски репрезентативец изјави дека е импресиониран од желбата Лајпциг да стане еден од водечките клубови во Европа и заедно може да одат по брза лента на врвот.