Во таа 2011/2012 Раниери со Интер беше на разочарувачкото седмо место и беше далеку под нивното ниво со оглед на составот кој го имаа. 9 годишниот Филипо се појави на стадион со транспарент, едноставен, но измислен за да продолжи да го ремети кој стигне.
„Може ли да победите? Затоа што ме зезаат во школо. Фала“, напиша Филипо.
И тогаш ривалите се фатија за спреј, а први почнаа градските:
„Филипо или смени го школото или клубот“.
„Милан продолжи да победуваш, така ќе продолжат да го зезам Филипов во школо“.
Па продолжија Наполитанците:
„Филипо, со Интер ќе завршиш да ги менуваш сите школо. Ти најдов две места, првото кај мене во клас, а второто на Сан Паоло“.
Еден навивач на Јуве пак напиша:
„Мене никој не ме зеза бидејќи јас навивам за Јувентус. Ањели посвои го Филипо“.
Интер се обиде да го утеши и му организираше прием на кој доби дрес, како и фотографирање со капитенот Занети и неговиот идол Нагатомо.
Три години подоцна, Интер беше бетер со резултати. Ги водеше Манчини со кој завршија десетти на табела. Загубија дома 0:3 од Болоња, а Филипо напиша:
„Имам уште 6 години за одење во школо и не знам повеќе како да ве оправдам“.
Сега Филипо би имал 18 години, но Интер е трет со -6 до лидерот Јуве на 12 кола до крај, што значи рано е уште за загриженост.