Фалкао: Здраво, Феномену!
Роналдо: Здраво, брате. Како си?
Фалкао: Добро е сè, кај тебе?
Роналдо: Да, исто. Тука сè е мирно.
Фалкао: Ти сега си во Бразил или во Шпанија?
Роналдо: Првиот месец од карантинот бев дома во Мадрид, а сега веќе 35-36 дена сум во Ваљадолид. Тука сум со ќерките кои ги земав од Малага каде живеат со мајка им.
Фалкао: Колку има од Ваљадолид до Мадрид, Роналдо?
Роналдо: Ваљадолид е оддалечен од Мадрид на околу 180-190 км.
Фалкао: Фино, близу.
Роналдо: Да, блиску е. Брзо се стигнува, за околу 50 минути возење.
Фалкао: Роналдо, фала што прифати да разговараме. Не знаеш колку сум нервозен. Ти се восхитувам.
Роналдо: Брат, за тоа сме другари! Мило ми е што сум тука со твоите следбеници, да збориме за фудбал.
Фалкао: Се појави убава вест, дека си приклучил мал фудбал во системот на подготовки на младите фудбалери на Ваљадолид. Што те примора на таков чекор?
Роналдо: Вербата во мал фудбал ја базирам на сопствено искуство. Почнав со мал фудбал, играв во малите клубови Валкеири, Сосиал Рамос, Гражау Каунтри. Паралелно додека играв за Сосиал Рамос почнав да тренирам голем фудбал на голем терен со Сао Кристовао и сфатив колку повеќе предност имам од врсниците зошто знаев да играм на ограничен простор. Малиот фудбал ми помогна да развијам брзина на нозе, техника, контрола на топка. Во голем фудбал од мал фудбал се земаа и многу други работи. Пример мојот гол во полуфиналето на Светско првенство 2002 со Турција го дадов со шпиц. Класика од мал-фудбал.
Фалкао: Аха. Одличен расказ Роналдо. Јас мислам дека е добро ако во Ваљадолид има детски тренери специјализирани посебно за мал фудбал и голем фудбал и уште два тројца кои би можеле да ги поврзат двата фудбали.
Роналдо: Се согласувам. Ваљадолид е клуб со традиција, но инфраструктурата е скромна: три терени за тренинг, стадион кој се реконструира... Тренинг база за жал нема. Во план ми е да изградам тренинг база со 12 фудбалски терени и спортски комплекс каде би имало терени за мал фудбал и кошарка (баскетот е многу популарен во градот).
Мислам дека е исправно кога дете ќе почне со мал фудбал и постепено ќе оди на голем фудбалски терен. Во Ronaldo Academy сите терени се наменети за игра во формат 7 на 7, за децата да научат да носат одлука на мал ограничен простор. Но тоа не е се. За созревање на фудбалер важен е малиот фудбал.
Малиот фудбал ми даде многу, многу, баш многу. Можно е дури и повеќе од раните тренинзи на голем терен во првите години. Има десетина, сто примери на играчи кои почнале со мал фудбал и заслужуваат сеќавање како Џалмиња. Па ти да видиш што правеше он во сала кога играше за Сао Кристовао! Просто растураше.
Фалкао: Роналдо, јас не гледам смисла во пуштањето деца на голем терен пред да наполнат 10 години. Ми викаат: „Ама они играат на ограничен простор“, јас одговарам: “Не, ограничен простор е мал фудбал“. Има голема разлика во игра на ограничен простор 10 на 10 и 4 на 4, зошто во вториов случај почесто имаш топка, покорисно е.
Мислам дека треба вака:
- децата од 10 до 11 години - четири дена во мал фудбал, еден ден на голем терен
- децата од 11 до 12 години - три дена во мал фудбал, два дена на голем терен
Во екипите У-15 ако имаат десет тренинзи неделно, можно е три да поминат во сала на мал фудбал. Имаат проблем со пас? Одма на паркет. На мал фудбал секогаш имаш три варијанти за додавање. Одличен тренинг за голем фудбал. Многу квалитети може да се развијат благодарение на мал фудбал.
Роналдо: Скроз се согласувам. Еве еден мој омилен пример. Кога во детство играв мал фудбал за Сосиал Рамос и против нас доаѓаа да играат појаки екипи како Флуминенсе или Фламенго, не знаевме што да правиме со нив зошто летаа по паркетот, менуваа места.
После поминав четири месеци во Гражао Каунтри и таму не научија колку е важно да се движиш и да се отвораш. Како резултат на тоа често се наоѓав на позиција столб, зошто со мене индивидуално работеше тренер кој ми покажуваше како да играм со грб кон голот, да крадам топка од бековите. Имав 2 години.
Во голем фудбал немав таква школа. После тоа ми помогна зошто во голем фудбал секогаш на мене висеа штоперите. Секогаш им го кажувам тој пример на децата кои почнуваат со фудбал.
Фалкао: Многу бразилски клубови имаат и голем и мал фудбал но апсолутно не се поврзани. Тренинзите на двата фудбала никогаш не им се поклопуваат на тренерите. Ти играше во Коринтијанс, ме сфаќаш. Ако најдат 2-3 луѓе кои би можеле да ги врзат малиот со голем фудбал, тогаш нема да мора дете од 12 години од мал фудбал да оди во голем, рано му е.
Роналдо: Симпатична ми е твојата методологија. Сакам да ја пренесам во животот. Ама најглавно е што не требам никого да убедувам. Ха-ха-ха-ха.
Фалкао: Ха-ха-ха-ха, во тоа е твојата предност.
Роналдо: Сакам во Ваљадолид да направам тим за мал фудбал за да игра на турнири. Детски турнири. Возрасните нема да сакаат, сега футсалерите прилично многу заработуваат. А убаво е и што во градот растат деца кои сакаат фудбал. Сега во нашата академија има околу 600-700 деца. Реална цел ни е 3.000-4.000. Не сакам да се рамнам со богатите клубови кои ладно даваат по 30 милиони за играч. Како да одговориш? Само така што ќе развиеш детско-младински фудбал во регионот.
Фалкао: Да, Роналдо, верувам дека малиот фудбал влијае со 40-50% за развојот на фудбалерите. Ако некогаш правиш екипа за мал фудбал, можно е да ја обновам кариерата.
Роналдо: Ха-ха-ха. На крај од краишта ќе играш за ветераните, а?
Фалкао: Богами, да. Веќе добив покана од тебе и кога животот ќе се врати во нормала, ќе се сретнеме да збориме за проектот.
Роналдо: Едвај чекам. Твоето присуство ќе ги инспирира децата.
Фалкао: Фала Роналдо. Ова сум ти го кажал и тебе и на другите повеќе пати. Кристијано, Меси... Секоја чест и големо уважување. Ама да не беа повредите, за мене немало фудбалер рамен на Роналдо.