Таг: мал фудбал

Како се игра фудбал со слепи на Параолимпијадата во Париз?

Фудбалот Б1 „5-a-side soccer“ или на нашки „мал фудбал“, за разлика од фудбалот на Олимписките игри, на Параолимписките е еден од главните спортови. Главното правило е: Бидете тивки.

Дивеење на мал фудбал во Радовиш

Салата 25 мај во Радовиш беше домаќин на традиционален турнир во мал фудбал по повод празникот Курбан Бајрам. Ама годинава нешто слабо ја истерале традицијата. Колегите од Спорт1 објавија видео на кое не се знае кој јаде, кој плаќа.

Олд скул мангупарија на мал фудбал од тешки размери

Го викале „Magic Chris“ и за време на кариерата која ја градеше како крилен напаѓач, има 148 гола. Во 1989-та година прави трансфер од Тотенхем во Марсеј за 4,5 милиони фунти и станува трет најскап играч во светот. Со Французите освојува три титули во низа, а го игра и финалето од КЕШ против Ѕвезда во Бари. Крис Водл кој има 62 настапи за Англија, денеска полни 61 година. 

Типови на играчи во мал фудбал

Твитерџија по име Квасец извади одлична спортска нишка во која ќе се пронајдат веројатно сите кои знаат што е маалски фудбал на игралиште, пред зграда или во балон. Фали оној што стално игра во напад, а сака сам да ја води топката. Му ја зима на својот голман, додека тие од негова што играат позади се нервираат.

Зизу уште го има осетот и на стари години

Паненка, дриблинзи како да не е од оваа планета, прием со лепак, врвни слободни удари. Веќе ви е јасно за кого станува збор. Зизу на 49 години на мал фудбал 5-на-5 со синовите и други деца покажува што знае.

Има Рони да ви каже нешто за мал фудбал

Во периодот на самоизолација, меѓу себе на Инстаграм разговараа двајца генијалци, двајца страшни техничари - Роналдо и Фалкао (футсал). Зборат за полезноста од мал фудбал а Рони кажува дека играњето на мал простор во сала многу му помогнало во кариерата.

Што е појако, голот или дриблингот?

Сме играле и играме фудбалче по балони, ама вакви нинџи во екипа сме немале. Голманот не мрдна, а тој од негова за глава се држеше. По колку е од човек за терминов? По 150че, ама ти не треба да плаќаш, ние ќе ти плаќаме за цела сезона, само ти играј од наша.

Тотално луд потег на мал фудбал

Футсалот е непресушен извор на будалести дриблинзи, ама вакво нешто салите не виделе. Невозможно.

Господин со големо Г

За ваков мангуплук треба своевидна фудбалска интелегенција. После потегов не треба да играат веќе, нека се разодитат.

Потеклото на неверојатната ножна техника на Де Хеа

Шпанскиот репрезентативен голман речиси на секој натпревар, кога ќе му се укаже прилика, демонстрира врвна ножна техника - елемент кој го нема секој врвен голман.

Брилијантно!

Португалецот Рикардињо важи за најдобриот футсал играч во историјата. Дечкото што прави со топката е неверојатно. Играше футсал во Мирамар, па во Бенфика, па во јапонска Нагоја Оушнс, руска ЦСКА Москва и од 2013 е член на шампионот на Шпанија Интер Мовистар. Синоќа против Леванте во шпанското футсал првенство направи нова мајсторија.

Знаете ли дека Бен Једер од Севиља играл футсал за Франција?

Фудбалерите на Севиља синоќа со 3:0 го испрашија рускиот Краснодар и како убедливо први во групата се пласираа во нокаут фаза од Лига Европа.

Една баш ретка мајсторија на мал фудбал

Бето е Бразилец. Играше во шпанската футсал лига а денес игра за белорускиот состав Сталица. Последните негови потези беа мајсторски.

Прекраснотии од гол на мал-фудбал

Нервозата додека собереш играчи да изиграте една партија фудбал во балон или во сала ја надоместуваш со дриблинг и гол кои те држат до следната средба.

Каков бил Кутињо на мал фудбал како дете

Барселона за него одвои 142 милиони фунти и тој трансфер стана еден од најголемите во историјата. А каков бил Кутињо на 13 години во 2005-та кога ги дриблал врсниците на мал фудбал?

Еден баш смешен гол на мал фудбал

Дечково стварно треба да конкурира за „Златна топка“ следната година. Роналдо и Меси досадија више, дајте му ја нему.

Гол на сезоната во мал фудбал

Во меч од италијанската футсал лига, играчот на Наполи Тиаго Амарчанде (19) постигна гол против Пескара што долго ќе се памети.

Букет цвеќе, Русија и Турција

Иако во кошаркарските европкупови меѓу себе играа повеќе руски и турски екипи, тоа не предизвика такво внимание како футсал натпреварот меѓу овие две земји во турскиот град Измир.

Од многу дриблање глава боли

Кога ќе ви тргне на мал фудбал со другарите во сала или балон, мислите дека можете буквално се. И се заборавате. Како човеков.

Дибек

Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.

Фудбал со запален кокос

Група студенти од Индонезија се решија да се пробаат на мал фудбал. И ништо немаше да биде чудно да не одлучеле место фудбалска топка да користат кокос запален со керозин.

Голот со глава кој нема да се повтори

Немаме никакво инфо за видеово, но убедени сме голманот повеќе не го викаат на фудбал.