- Влегува, не се ни загрева и ја шутира топката како сивоња иако ниту еднаш нема да погоди во зоната на голот.
- Доаѓа по штуцни, маица и шорцеви како Федерер, стегачи, хеланки и останати реквизити и мислиш дека ќе те згази, прием има бегалка, најчесто сака да игра средина, ама за к.р не го бива.
- Доаѓа облечен од дома како што бил, се држи за к.р со раширени нозе цело време и плука меѓу зуби додека се загрева, и нормално, прави муабет со некој од претходниот термин, пошо сите ги знае нели... Игра позади и највеќе се дере.
- Селекторот - Тој ги собира сите играчи, ги држи термините, и најчесто за него нема место, ама не е лош, пошо игра 20 години таму.
- Фудбалерот - Тој ја прави разликата ( на муабет), играл на 12 години во Тефејуз, најчесто почнува да игра назад, па на крај оди напред, највеќе се дере иако дрибла ко Чамак, а мисли дека е Роналдо. Најчесто вика дека никој не му отварал... Дава по 3-4 голови у просек.
- Silent Killer - Доаѓа, не збори со никој, се загрева културно и професионално, трча ко вол и ги нервира сите противници, глас не му се слуша, а е играч на натпреварот.
- Центархалфот - Најчесто е над 40 години и кажува како играл во фецеу порано и во Вардар со Митко Стојкоски и компанија. Игра назад и мисли дека уште има 20 години, ама му тежи газот. Има преку 95kg...
- Шпицот - Врзан за статива како Панчев/Инзаги, 3 пати ја допира топката, а таа него 10. Дава по 10 голови у просек, иако е дрво пак е колку толку користен.
- Голманот - Ретки се како 29 фебруар, затоа не се расправаме со нив, како брани така, бар стои на гол. Обавезно еднаш ќе ја опали у свој гол на загревање чисто за да го истера бесот.
- Дилајла - Ако терминот е од 20 до 21, он трчајќи доаѓа у 20:20 и се правда и се облака у исто време, трча како будала секаде, а никаде не стига, има надеж у него и корисен е само кога ќе треба да ја земе топката и да ти изведе аут.
- Стариот - Во некои тимови секогаш има по еден што игра за У75 и се труди колку толку и знае да даде по некој гол, сите се чудат како може да оди после утакмица и како ништо не го боли, пошо нели на времето од 24 часа дневно, бил на нозе 36.
- Глумецот - Битна е фризурата, битно е дали има пички да го гледаат, знае само 1 фристајл финта и ја прави секогаш, трча напред трча назад на загревање, и само ги тегне препоните, јер нели тие највеќе страдаат. од 1 саат термин, 57 минути гледа на страна кој све го гледа.
- Фитиљот - Ако му речеш "што не подадеш бе" ќе ти качи све на к.р и ќе ти ја каже цела акција ко на времето Зоран Димески кога кажуваше како акцијата почнала од Пандев. Он све е у право..
Има уште кај него на профил.