Таг: маалски фудбал

Златен ауспух

Еден од најголемите проблеми во нашето детство беше кога топката ќе ти се заглави под кола.

Се собрале другари за 1 мај да играат фудбал

Па се докажувале кој е најмногу пијан. Го имаме победникот.

Сите имаме по еден ваков во маало, нели?

Го викаш ако ептен немаш ниту една друга опција за шести човек, па мораш да го жртвуваш фудбалот за да не пропадне и на крај имаш ова:

Типови на играчи во мал фудбал

Твитерџија по име Квасец извади одлична спортска нишка во која ќе се пронајдат веројатно сите кои знаат што е маалски фудбал на игралиште, пред зграда или во балон. Фали оној што стално игра во напад, а сака сам да ја води топката. Му ја зима на својот голман, додека тие од негова што играат позади се нервираат.

Од бразилските улици издвојуваме

Ај што топката едвај ја собира во тоа една педа голче, него што да се каже за потегот на детево без да гледа, кое за влакно не падна претходно во дупка? Овој што снима нема никогаш во живот да го избрише видеово.

Вакви пенали немало порано во маало

Треба да си многу добар, многу храбар и модерен за да ја изведеш вака, инаку како деца се знаело како, шпицот најсилно што можеш.

Најголемиот проблем од детството

Секој што играл фудбал или серва во маало покрај зграда, на улица или во паркче го имал овој стрес кој завршува со уље на топката кое немало шанси да го изремети мечот. Ќе играме додека не се стемни, а ти тука ли најде да паркираш?

Видео на денот за кое како да ви кажеме

Одиш во балон да играш со другарите фудбал, ама стигаш малце порано за да се загрееш и мислиш дека никој не те гледа. Не знаеме што друго да ви кажеме, а и не мора ништо да ви кажеме. Веднаш на плеј.

Како се игра еден на еден во маало

„Рогај ја, не дриблај сам пред гол, ќе ти ја земат“ е стандард фраза од ние кои се во напад, до оној кој игра последен во одбрана. На овој глупо е да му солиш памет.

Шмекот на фудбалот кој го игравме во маало

Немаше потреба, а скоро и да ги немаше: мобилни, таблети, компјутери. Ти треба само топка, по можност и пумпа за да не губиш време да одиш на бензиска, како и желба, а последново никогаш не беше проблем.

Малиот кој остана без другари на фудбал

Колку и да ти фали човек за фудбал, некако не ти дава душа пак да го викнеш него. Другарството е најбитно нели? Исто и јајцата. 

Два типа на фудбалери кои сите ги имаме во маало

Едниот сите го дупчат пошто е најслаб. Ти му ја местиш на лева, тој ја промашува бидејќи е со две леви, топката му се удира во десна, па уште и ролинг прави. А другиот се знае. Игра цело време напред, никогаш не се враќа назад, себичен е, ама затоа дроби со голови. Во видеово лесно ќе ги препознаете и двајцата.

10 правила на маалскиот фудбал

Фејсбук страната „Вицови за душа“ не потсети и ве потсети на едно златно време кое на сите уште ни тлее во душа. Кој се нервирал кога треба да ја вади топката под жежок ауспух многу добро знае за што зборуваме.

Зошто фудбалот на улица кога бевме деца имаше посебен драж

Сите вие кои го фативте времето кога се правеше компанија кој со кој да игра во маало, кога со патики меревме дали двата гола се исти и кога после играње викавме прва жичка за водичка, сигурно сте го доживеале ова искуство поделено во 15 точки.

Утките на Фоки

На маалски фудбал во некоја од скопските населби, на Фоки ич не му одело во напад. Другарите му ги документирале сите промашувања, направиле дури и репетиција и ни го пратија видеото со објаснување дека сакале да го “прослават“. Сега чекаме одговор од славниот Фоки.