1. За да учествуваш единствен услов беше да имаш две нозе, па макар и две леви. Ќе те стават во одбрана и кога ќе ти дојде топка сите ќе ти речат рогај ја напред.
2. Не се плаќаше карта. Единствената цена која можеше да ја платиш е да попиеш топка во нос.
3. Немаше никаков распоред и ако си на летен распуст можеше да играч секој ден.
4. Тогаш немаше балони и немаше потреба да чекаш да се ослободи игралиште каде играат поголемите од тебе. Се играше на било каква ширинка.
5. Ти требаше само топка и камења за стативи, а може и лименки.
6. Немаше судии.
7. Можеше да пцуеш колку сакаш.
8. Секој натпревар се шутираа пенал, бидејќи се играше на три корни пенал.
9. Фино беше да се игра со дресови, ама проаѓаше и маицата за по дома или гол.
10. Ако немаш кондиција ќе му речеш на голманот бегај да побранам малце.
11. Кога ќе дадеш гол од гол на гол нема да те има на најавна шпица, ама после сите ќе сакаат да бидат од твоја.
12. Натпреварот завршуваше кога сите се изморени или кога при нерешен резултат ќе се договорите победник да биде оној што ќе го даде следниот гол.
13. Најголемото дерби беше кога ќе договориш да играш против екипа од соседното маало.
14. И да немаш пари за сок после натпревар одиш во најблискиот двор со чешма.
15. Единствениот стрес ти беше ако му го скршиш џамот на комшијата кој потоа ќе треба да го плати татко ти.