РОДИТЕЛИТЕ НА ЏЕКИ СЕ ПРЕСЕЛИЛЕ ВО АВСТРАЛИЈА, А НЕГО ГО ПРАТИЛЕ ВО ШКОЛО КАДЕ ГО ТЕПАЛЕ СО БАМБУСОВО ДРВО
Геншен Чен е роден на 7 април 1954 година во Хонг Конг. Неговите родители Чарлс и Лили Чен се преселиле тука поради политички околности: татко му бил чиновник на конзервативната партија Хоминдан и за време на граѓанската војна станал таен агент на партијата. Но набрзо го откриле и бил прогласен за народен непријател.
Во Хонг Конг семејството немало пријатели ни роднини. Живееле во мала соба а кога се родил Џеки успеале да се преселат во амбасадата на Франција. Чарлс работел како кувар, а Лили како собарка. Чарлс почнал да го учи син му кунг-фу кога Џеки имал 3 години.
„Јас бев многу активен, трчав и ги мавав сите на патот. Мајка ми ме викаше „топовско ѓуле“, а татко ми беше убеден дека знаењето борешки вештини ќе ми помогне да стекнам трпение, сила и мажество“, раскажувал еднаш Џеки.
На 5 години го пратиле во школо но после една година го отпишале поради незаинтересираност.
Потрагата по татко му се возобновила, па родителите морале да се преселат, овојпат далеку во Австралија. Лили и Чарлс Чен го оставиле Џеки во Хонг Конг и потпишале 10-годишен договор со школото на кинеската опера за обука на нивниот син.
Таму Џеки учел за глумец, пеел, тренирал акробација и боречки вештини. Но најважна била дисциплината: во договорот стоело дека секое кршење на редот и дисциплината ќе биде сурово казнуван. Им ги спуштале панталоните, морале да прават чучњеви и за тоа време ги тепале по задникот со бамбусово дрво.
„После три дена во школо учителот ми дојде и ми кажа: 'Мора да те запознаам тебе со уште едно правило'. Јас бев преплашен. Родителите никогаш така не ме тепале а тука од одма. Но тоа беше легално, дозволено, во договорот стоело секое такво дејство. Во тој момент сфатив: играта е завршена, нема веќе играње“, раскажувал Џеки за своето детство.
Чен брзо почнал добро да учи, интензивно тренирал и набрзо влегол во групата „Седум среќници“. Тоа бил ансамбл составен од најталентираните деца во шолото кои патувале и настапувале по театрите во земјата и во странство.
Таму Џеки се запознал со две деца: Сем Хунг и Јузнем со кои подоцна играл во многу филмови.
Џеки благодарение на театрот и операта брзо станал познат и го викале во некои кинески филмови. Но најпознато учество во филм од тоа време му се улогите во филмовите на Брус Ли: „Тупаница на гневот“ (Fist of Fury во 1972) и „Во змејското гнездо“ (Enter the Dragon 1973), филмови кои стекнаа светска слава.
„Бев воодушевен. Брус Ли беше најголема ѕвезда во Кина, просто неверојатен борец. Во „Тупаница на гневот“ излетав од прозор кога главниот јунак се бореше со јапонскиот мастер на крајот од филмот. А кога го направив тоа, Брус ми пријде и ми рече: „Вау, тоа беше нешто!“. Да добиеш комплимент од таква ѕвезда, има ли нешто подобро? А во „Змејско гнездо“, исто на крај од филмот, Брус се тепаше против 20 противници со Бо (кинеско оружје од бамбусово дрво). Јас бев последен, тој ме фати и ме нападна, но само еден удар ме погоди во тело. Брус потрча, ме гушна и ми рече: „Боже извини, како се викаш“? А после ми даде неколку совети за тренинг и да верувам во себе“, раскажувал Џеки Џен.
ВО АВСТРАЛИЈА СТЕКНАЛ ОБРАЗОВАНИЕ, НО СЕ ВРАТИЛ ВО КИНА ЗА ДА СНИМА ФИЛМОВИ
На 17 години Џеки Џен ја завршил театарската школа но во тоа време операта веќе не била толку актуелна па отишол во глума.
Многу од глумците не знаеле да читаат и пишуваат, зошто не ги учеле многу. Чен во тоа време работел многу работи: миел садови, алишта, превезувал роба итн.
Повремено добивал работа како каскадер што на крајот го однело до главна улога во филмот „Малиот тигар“ од 1971 година. Но подоцна не добивал многу понуди.
Во 1973 година починал Брус Ли и тоа влијаело многу на кинеската кинематографија. Џеки Чен по извесно време добил улога во еден филм за возрасни „Се во семејството“. „Немав избор. Или да работам тоа или во мафија. Веќе не можев да работам многу работи за да заработам по некоја пара. А за да глумам гол добив добра пара што ми помогна да одам во Австралија кај родителите и да почнам одново“, се исповедал еднаш легендарниот Џеки Чен.
Во Австралија прво решил да се школува. Завршил брз курс на колеџот Диксон, па подоцна работел на едно градилиште. На локалните работиници им било тешко да го изговараат неговото име Геншен, па тогаш го добил името Џеки по кое стана светски познат.
„Го кршеа јазикот: Хенри, Каши, Хенчи, како не ме викаа. И тогаш решија да ме наречат во чест на некој стар пријател Џек, голем и јак маж. А мене ме нарекоа малиот Џек или Џеки. Ми се допадна тоа па затоа тоа стана мое име“.
По смртта на Брус Ли, во Кина се обиделе да го повторат неговиот успех. Еден од тие кои почнале да ја возобновуваат кинеската кинематографија бил режисерот и продуцент од Хонг Конг Ло Веј. Тој ги гледал навремето каскадерските трикови на Џеки Чен и го викнал за главна улога во филмот New Fist of Fury.
Џеки поради тоа се вратил во Хонг Конг зошто работата на градилиште во Австралија веќе не му се допаѓала.
Во 2 години Џеки Џен ги снимил филмовите: Killer Meteors, Shaolin Wooden Men, To Kill with Intrigue, Snake & Crane Arts of Shaolin. Но и овие филмови не ѝ легнале на кинеската публика.
Тогаш Џеки решил да експериментира. Во новиот филм „Snake in the Eagle's Shadow“ смислил сопствени движења во стилот на змеј кои ги работел дома пред огледало. Ова му придодало на филмот елементи на комедија. И тој филм станал многу успешен и гледан. Важи за првиот голем успех во кариерата на Џеки Чен.
„Луѓето сакаа да го видат големиот мастер Брус Ли, но да се врати тој беше невозможно. Имаше јужњачки стил на кунг-фу, а јас северен, што е тешко да се објасни но тоа се две апсолутни поинакви школи. И помислив: ако не можеме да го повториме успехот на Брус, тогаш дај да смислиме нешто свое. И тогаш се роди стилот на змејот. Работев на секое движење на рацете пред огледало, го доведов до совршенство. Го сменив и главниот лик. Брус беше тврд и жесток, а јас обичен мал како било кој друг глумец. А поле успехот на филмот сфатив дека тоа е прав пат“.
Набрзо го снимиле филмот Drunken Master (Пијаниот мастер) кој ден-денес важи за класика на филмовите за кунг-фу. Пијаниот стил Џеки исто така го смислил сам, а за ефект на опијанетост пред секоја сецна ја спуштал главата надолу да му виси за лицето да му се вцрви.
Како пијан мастер глумеше во сите следни филмови: „Духовно кунг-фу“, „Half a Loaf of Kung Fu“ и „Бестрашна хиена“.
Веќе во 1980 година станал и помошник режисер и потпишал договор со големата компанија „Голден Харвест“. Стана светски познат глумец со неповторлив стил. Успехот во Америка му започнал во средината на '90-те години со филмот Rumble in the Bronx кога американските критичари биле воодушевени.
Во кариерата имал околу 3.000 разни повреди при снимањата.
Џеки Чен има 65 години и уште се занимава со киноматографија. Веќе не користи опасни трикови но некои сцени со елементи на акробатика уште се во неговиот арсенал.