Бол Бол (2.18 см) е роден во ноември 1999-та година во Картум, Судан. Татко му по завршување на кариерата во НБА, се вратил во земјата но во 1998-ма година за време на бомбардирањето на Западен Судан од страна на САД, тамошниот режим го обвинил Ману дека е американски шпион и го протерал од земјата. Ману со семејството добил визи за Америка но во Египет ги држеле неколку месеци после што конечно стигнале во САД.
Таму малиот Бол Бол почнал уште од 4 години да си игра со баскетот и никој не претпоставувал дека еден ден ќе стигне до НБА.
Бол Бол играл за тимот на средното училиште Bishop Miege во Канзас каде имало голема Суданска заедница, а подоцна и на Колеџ во Орегон.
На НБА драфтот 2019 Бол Бол бил избран како 44-ти пик од страна на Денвер Нагетс кој веднаш го пратиле на калење во Винди Сити Булс во Развојната лига. После само 8 меча во Развојната лига, Денвер го прекомандувал да тренира со нив, а синоќа на контролниот меч против Визардс со 16 поени, 10 скока и дури 6 блокади за 32 минути Бол Бол ја импресионирал американската кошаркарска јавност.
„Немав во план да му дадам толку играчко време на дебито, ама неговото влијание на двете половини беше многу големо па решив да го оставам во игра“, вели тренерот на Денвер Нагетс, Мајкл Мелоун.
Конечно Денвер му даде шанса на пријателската против Вашингтон Визардс каде покажа дека може да биде и тоа како важен дел од тимот предводен од тандемот Мареј-Јокиќ.
ГИ ПАМЕТИТЕ ЛИ МАГЗИ БОГС И МАНУТЕ БОЛ?
МИТОЛОШКАТА НБА ФИГУРА КОЈА ЈА ТОВЕА СО ПИВО ЗА ДА СЕ ЗДЕБЕЛИ