Досега, вирусот победува

Само неколку часа откако светот го достигна прилично шокантниот праг од 10 милиони случаи на ковид -19, стигна нова рекорд - 500.000 мртви. Тоа значи дека жртвениот биланс се има дуплирано за само седум недели. Македонија својски се труди да биде една од најлошите. 

Светот реши да ја напушти фазата на карантин и економии се отвораат од Шпанија до Јужна Африка но тоа не значи дека сме го виделе најлошото од вирусот. Еден од пет вкупни случаи на заболени во светов се има заразено во последните две недели.

Пандемијата го оправда зборот и нема држава во која вирусот нема дојдено а главното жариште се префрлаше од Кина до Европа и земјите во развој. Латинска Америка сега е епицентар на заразата но не многу далеку се и јужна Азија и суб-сахарска Африка.

САД и Бразил остануваат рекордери по бројот на новозаразени а заедно со Мексико, држат половина од вкупниот број смртни случау во последната недела.

Упатените велат дека во престојните седмици Индија ќе ги претекне и дека пикот таму ќе биде во јули или август. А болниците во Њу Делхи и Мумбаи веќе се преполни.


Суб-сахарска Африка е голема енигма поради малиот број тестирања; шансите да бидете тестирани во САД се 150 пати поголеми отколку шансите да бидете тестирани во Нигерија. Поради останатите проблеми со кои се носи континентот (глад, слаба економија, недостаток на медицински третмани за разни болести) се проценува дека короната ќе направи повеќе зулум преку ефекти на други состојби отколку со својата смртност.

Во регионот, Србија ги враќа рестриктивните мерки а Македонија викендов достигна фрапантен процент на заразени од оние кои се тестираат (околу 20%).

Ама барем министерот Филипче бил во првите борбени редови.

 

29 јуни 2020 - 10:52