Видал, Брајтвајт, Алба и Меси беа стрелци во убедливата победа на Каталонците против Мајорка, но хајлајт на мечот за многу медиуми беше упадот на 17-годишно момче на теренот, иако на трибините во Ла Лига нема гледачи поради глобалната пандемија.
Млад 17-годишен дечко облечен во дрес Аргентина од Меси ја прескокнал оградата и тргнал на теренот. Сакал да стигне до Лионел за да направат селфи, ама го задржа Жорди Алба па дечкото се сликаше со репрезентативецот на Шпанија па додека истрча кон Меси редарската служба го фати и изнесе од теренот.
„Моја желба беше слика со Меси. Дојдов со другари на стадионот во 40' минута и успеав да влезам и да ја прескокнам оградата од два три метри. На терен почнав да го барам Меси. Тргнав кон него но го видов Жорди Алба, побарав да се сликаме а после истрчав кон Меси. Му викав: „Меси, фото, те молам, фото!“. Но поради коронавирусот тој не сакаше да се фотографира. Мене ме дофати редар, ме однесоа во полиција, им го кажав своето името, името на родителите и се останато за што прашуваа. Сега ме чека парична казна“, рекол малиот во интервју за COPE.
НА СУД И ПАРИЧНА КАЗНА
Ла Лига веднаш поднела пријава и го дала на суд младиот навивач кој за упадот на терен може да добие сериозна казна.
Претходно тоа се решаваше со парична надомест, но сега при пандемијата на коронавирус ова веќе не е само хулиганство туку и загрозување на животот и здравјето на луѓето, така што постои и ризик од прерано завршување на првенството без краен исход ако повеќе играчи се заразени.
За оваа постапка младиот ќе треба да плати 2.000 евра, а со оглед на тоа што е малолетен, казната ќе треба да ја подмири мајка му.
Но Теија Марија Нипе отворено рекла дека таа нема доволно средства да ја плати казната на малолетниот син.
„Сама воспитувам три деца, таква сума на пари немам. Се надевам дека син ми ќе работи цело лето за да можеме да ја платиме казната“, во солзи раскажала мајката на изгредникот од мечот Мајорка - Барселона.
Таа смета дека на таква глупост го набедиле неговите другари со кој дошол до стадионот. Таа сега ја моли Ла Лига и судот да имаат милост за 17-годишниот син.
„Моето дете не знаеше што прави. Сега му е жал за тоа што се случи. Тоа веќе нема да се повтори, јас преземам одговорност“:
Инаку, семејството би требало да плати неколку пати повеќе од самиот клуб Мајорка за нарушување на протоколите на безбедност. Клубот од Балеарски острови е казнет со 301 евро а луѓе од управата рекле дека ќе ги затворат сите лесни приоди кон стадионот и дека нема да му помогнат на младиот навивач.
Притоа полицијата на лице место побарала од детето да ги избрише селфи-сликите со играчите на Барса, така што дечкото е во тотален минус.