Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во вторникот објави соопштение по повод компликациите со КОВИД-19 кои се појавија меѓу тенисерите кои Новак ги собра да играат, како што кажа со цел да им се помогне на послабо рангираните да заработат и плус да се соберат средства за хуманитарни акции.
Во ситуација кога се одложија најголемите тениски турнири (а тенисот е бесконтактен спорт и комотно може да се игра ако може и фудбалот со 22 на терен плус судии и тренери), Ѓоковиќ го организираше Адриа Тур на кој во Белград имаше повеќе од 5.000 гледачи кои не држеле никакво растојание меѓу себе:
Пред Адриа Тур во Белград се одигра и големото белградско дерби Партизан - Црвена звезда (1:0) со повеќе од 18.000 гледачи кои не држеа никакво растојание (а и како би држеле 18.000 души растојание).
После овој меч 5 фудбалери на Црвена звезда била позитивни на КОВИД-19 а двајца имале сериозни симптоми на вирусот.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ВО ДАНСКА СО ПУБЛИКА?
Додека во Русија трае дебата околу тоа зошто ни лимитираниот број гледачи не држат растојание препорачано од здравствените власти, во Данска ситуацијата е поинаква.
На мечот Арсенал Тула - Спартак Мосвка, пеесетина гледачи се скриле под сенка од силното сонце и не држеле ама баш никаква дистанца:
За тоа време во Данска се играше големото дерби Брондби - Копенхаген. И таму бил дозволен 10% од капацитетот но сликата покажува нешто друго. Во Русија луѓето седат едни до други во голема група и забораваат на правилата, а во Данска има строго држење на растојание и тоа дури во вертикала а не во ист ред
10% од капацитетот на секој стадион значи дека дистанцата ќе се одржува во просек на секои 3 седишта. Тогаш и ризикот од зарази е помал.
Додека Шведска се откажа од тотален карантин и тераше со опуштени мерки дури и во пикот на пандемијата (веруваа дека ќе постигнат колективен имунитет), Данска не беше толку радикална како скандинавските соседи. Данците се држеа до сите препораки и меѓу првите во Европа ги олабавија мерките.
Данска влезе во карантин на 16 март а од него излезе после еден месец, на 15 април (пикот на зараза бил на 3 април со 466 случаи). Оваа скандинавска земја има регистрирано повеќе од 12.000 случаи на КОВИД-19.
Од 15 април се отворени школите, од 20 април во Данска се вратил малиот бизнис и помалите продавници, од 1 мај ги отвориле парковите, од 10 мај средните школи, рестораните и баровите.
На крајот од мај Данска продолжи и со фудбалот, но враќањето на навивачите одеше етапно.
Прво Данците играа пред празни трибини (се сеќавате на Зум видео средбите со навивачи на бимови). Потоа пуштија максимум по 500 луѓе (и тоа со се персоналот на стадионот што значи дека имало од 200 до 400 гледачи во зависност од градот).
Во Данска до 1 септември се забранети масовни собири на кои ќе има повеќе од 500 луѓе, така што навивачи ќе има колку-толку.
Интересно пред неколку недели, Данската фудбалска лига, со полицијата и медицинските органи смислиле експеримент: гледале како може да се организира меч со повеќе гледачи. Посетиле разни градови, гледале каква е инфраструктурата на стадионите и потоа во тек од 3 дена комисијата набљудувала како се однесуваат гледачите.
Во саботата комисијата го глеала мечот Хорсенс - Рандерс, во неделата Брондби - Копенхаген, во понеделникот Лингби - Оденсе.
На стадионот на Брондби се опуштиле и пуштиле 3.000 луѓе што при капацитет од 28.000 значи повеќе од 10%.
КАКО БИЛО ОРГАНИЗИРАНО?
Данска е светол пример за многу нешта во светот, па така и за овој предизвик со гледачи на трибините.
Дистанцата по хоризонтала мора да е минимум 2 метри, по вертикала ред со гледачи, ред без гледачи, ред со гледачи итн. Како шаховска табла.
Комисијата и фудбалската федерација ги повикале навивачите да не користат јавен превоз за да не се најдат 3.000 луѓе на исто место. Им предложиле секој да дојде со личен автомобил, велосипед или пешки. Паркинг имало за секој.
Авто-паркингот на стадионот на Брондби има 2.500 места. При купување карта за стадион, на секој навивач му било кажано на која страна да отиде и каде да седне. 3.000 гледачи биле раздвоени во 6 блока по 500 луѓе - на пример на централните трибини имало 3 групи.
За тоа време еве како било во градот Екатеринбург во Русија на мечот Урал - Рубин:
На секоја трибина на стадионот на Брондби бил отворен секој влез и излез за да нема собирање толпа никаде
Секоја група во секој блок си имала свој тоалет и свои пултови на кои се продавало дури и пиво:
Децата до 3 години морале да седат на колена (во скут) кај родителите а имало тотална забрана да се седи еден до друг меѓу гледачите - можно само на дистанца од 2 метри за да се избегне директен контакт.
Во средата наутро стигна информација дека властите во Холандија кога ќе почне фудбалот од 1 септември планираат да има ограничен број на публика, но без навивање, скандирање, за да не се случат зарази при близок контакт.
Ова го нема во Данска каде навивачите си го бодрат својот клуб.
Единствен проблем бил кога поради кулминација на еуфоријата поради голот на Брондби навивачите тргнале да се спуштаат кон долните редови за да прослават со играчите, но редарите ги враќале.
ЗОШТО НАВИВАЧИТЕ ОДАТ НА СТАДИОН БЕЗ МАСКИ?
Во Данска носењето заштитни маски не е задолжително. Освен тоа, здравствените стручњаци таму на здравите луѓе им препорачувале да не носат маски од две причини:
1. Според нив, ползата на маската во борбата со ширење на вирусот не е докажана
2. Ако сега се потроши целиот капацитет на маски кога нема пик, тоа може да доведе до дефицит на маски кога евентуално би биле многу потребни при втор бран
ДАЛИ ЕКСПЕРИМЕНТОТ СО 3.000 ГЛЕДАЧИ Е УСПЕШЕН?
Според атмосферата на стадионот да. Како што изјавил тренерот на Брондби, 3.000 навивачи звучеле како 15.000 и било право уживање.
Раководството на данската лига е доволно дисциплинирано и не планира да го зголемува капацитетот.
„Со овој експеримент ние ги проценуваме ризиците и ситуацијата. За да се прејде на следна етапа, потребна е нова база на податоци“, вели првиот човек на данската лига Клаус Томсен.