Судија на меч од втората фудбалска лига на Данска меѓу Вендсисесел и Фредериција при еден напад гостите кои имаа шанса за гол, реши да не пушти предност после очигледен прекршок, досуди фаул, па во ист момент жив се изеде зошто не пуштил игра и направил грешка.
Ќе треба да го пуштите повеќе од еднаш за да поверувате. Фразата “ја рогна над кров“ или “го префрли стадионот“ сме ја користеле за да посочиме на многу лошо изведен слободен удар високо над гол. Луѓе ова се случи во реалноста и тоа на прволигашкиот меч во Данска меѓу Вајлд и Болдклуб Сондејуска, односно кај полуфиналистот од минатото Европско.
На нисколигашки меч во Данска, стрелецот на голов ги надмина сите очекувања за тоа што сè може да се искомбинира во шеснаесетник по еден корнер. Потегот со ножичките му е боли глава, арно ама добро што топката удри во пречка, инаку никогаш немаше да дознаеме дека некој и ова го можел.
За првпат во групна фаза од Лига на шампиони ќе игра еден симпатичен клуб од централна Данска којшто на времето играше против прилепска Победа во Куп на УЕФА. Имаат најразвиена база на статистички податоци до кои доаѓаат преку големи анализи. Најдобар клуб се во моментов во Данска.
Во Данска се игра плејоф за Лига Европа. Во првото полуфинале Оденсе дома го победи Хорсенс со 3:1. Ама мечот остана во сенка на надреалното промашување на домашниот фудбалер, Тунижанецот Исам Жебали.
Некој ќе рече има и на Балканов публика (Србија, Црна Гора и Хрватска), ама видовме по примерот на тенискиот тур Адриа Тур како тоа заврши. Зошто гледачи нема во Англија, Шпанија, Италија, а во Данска има лимитиран број?
Данскиот прволигаш Орхус реши на необичен начин да ги приближи навивачите до својата екипа, така што преку Зум платформата на видео-бим гледаа првенствен дуел. Предност за регистрација имале сезонците, а клубот имал и администратор кој следел да не се појави некој циркус.
Во четвртокот се возобнови и данската фудбалска лига која како и речиси сите други првенства беше суспендирана повеќе од 2 месеци поради глобалната пандемија.
Откако замина од Арсенал му се изгуби трага. Кратко дремеше во Јувентус, па луташе по Норвешка за да на крај си го најде гнездото дома, во Данска. Навивачите на Копенхаген се збудалени за неговото доаѓање: дресови со неговото име рекордно продадени во клупскиот фан шоп, маици одат како алва. Пола град дојде да го гледа неговото деби и го дочека. Против Мидтјиланд влезе во игра во 71’ минута.
Данската фудбалска федерација отвори истрага против клубот Сондерјиске којшто примил сомнителен гол во 89’ минута за да падне на место кое им носи полесен противник во борбата за опстанок во лигата.
Микел Квист е дански фудбалер со колумбиско потекло. Има 24 години и игра за клубот Хорсенс во Данска. Фрла такви аути што не знаеш дали е корнер дали е фаул.
Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.
А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.