„Горди сме што сме прв клуб на светот кој ја користи дигиталната ера на ваков начин. Некое време фудбалот ќе се игра без гледачи, па може да ги мотивираме и другите клубови“, рекоа од Архус за нивната акција кога поставија 22 екрани преку кои навивачите кои претходно купиле карта, односно шифра за апликацијата и избрале од која позиција, од кој екран да го гледаат мечот кој заврши 1-1.