Во првиот меч по рестартот на 24. коло играа Орхус и Рандерс и ремизираа 1-1. Интересно, во ситуација кога нема гледачи на трибините и стадионите се заклучени за навивачи, Орхус проба нова идеја за да ги врати своите симпатизери на трибините.
По целиот периметар на теренот наместиле огромни екрани на кои навивачите се вклучиле на zoom-конференциски аудио и видео повик.
Zoom е своевиден аналог на легендарниот Skype и својата слава ја доживеа токму за време на пандемијата со коронавирус кога глобално и масовно беше користена за работа од дома и конференциски повици.
Притоа виртуелните карти, односно пристап до Зум за време на мечот Орхус - Рандерс биле бесплатни а можеле да се добијат на официјалниот сајт на клубот во полето „Може дома да се остане“.
Еве како тоа изгледало:
Danish Superliga club AGF Aarhus played in front of a virtual Zoom crowd on their return to play today 🇩🇰🖥️ pic.twitter.com/VYeeVQmQTR
— FOX Soccer (@FOXSoccer) May 28, 2020