И во Данска штелаат резултати

Данската фудбалска федерација отвори истрага против клубот Сондерјиске којшто примил сомнителен гол во 89’ минута за да падне на место кое им носи полесен противник во борбата за опстанок во лигата.

Во неделата Сондерјиске примил чуден гол од кандидатот за титула Мидтјиланд и тоа во ’89 минута, а после поразот паднал на 8. место на табелата.

Спорниот момент е на 2.46 од снимката:

Системот во данската лига е таков што 14 екипи играат меѓу себе два пати, а потоа Суперлигата ги дели во три групи: првите шест екипи се борат во плејоф за титулата, а од седмо место па надолу има две групи: едните се борат за место во квалификациите за Лига Европа а други за опстанок во лигата.

Сондерјиске со овој пораз најверојатно ќе заврши осми на табелата и ќе се најде во групата од четири тима кои завршија под нив.