Данската фудбалска федерација отвори истрага против клубот Сондерјиске којшто примил сомнителен гол во 89’ минута за да падне на место кое им носи полесен противник во борбата за опстанок во лигата.
Данскиот шампион против кој играше нашиот шампион Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите во дуел од првенството славеше победа од 3-2 против Сондерјиске со голчиште на Србинот Андрија Павловиќ во 84’ минута.
За време на мечот Сондерјиске - Мидтјиланд, голманот на гостите Јохан Далин не можеше ништо против ветрот, па дегажираната топка му се врати и мораше да ја фати со рака. Судијата нормално свирна индириктен удар.