Дански Мидтјиланд ќе дебитира во Лига на шампиони. Пред 21 година на фудбалската карта на Европа овој клуб не постоел. Но затоа во Централна Јутландија (Mid Jutland) имало два мали клуба - Икаст и Хернинг Фремад.
Натпреварите меѓу овие два клуба биле право мало локално дерби (меѓу двата града има помалку од 20 километри).
Но некои поголеми успеси во Данска немале ни Икаст ни Хернинг. Двата клуба живееле на релација прва-втора лига и не биле многу популарни. Икаст три пати го освоил Купот на Данска но тоа е сè и од двата клуба. Во 1990-те години на двајцата претседатели им досадил обичниот, секојдневен фудбал и дремка во прва и втора лига.
Претседателот на Икас, Џони Рун (сопственик на голем бизнис со дрвна индустрија) и претседателот на Хернинг Стен Хесел (дилер за Mercedes-Bezn) се договориле да ги обединат двата клуба, да ги спојат во едно за да пробат да направат нешто повеќе.
Преговорите биле долги и тешки, многу луѓе биле против фузија. Затоа процесот траел и продолжил 10 години. Конечната судбина била решена во 1998-ма година кога претседателите се среќавале секој месец за да договараат детали.
„Во 1999-та година јас дојдов на меч на Хернинг против Холстебро“, се сеќава Џони Рун, првиот човек на Икаст. Блед фудбал, иако Хернинг победи. Разговарав со Стин кој седеше со мене. Се договоривме уште еднаш да пробаме да се обединиме“.
А газдата на Хернинг рекол:
„По пат накај дома му кажав на пријател дека со Џони разгледуваме соединување на клубовите. Ни здосади да гледаме просечен фудбал. Сфативме дека заедно можеме повеќе. Следниот ден се сретнавме и договоривме сè“.
Буквално веднаш откако си дале рака и се договориле, Хесел и Рун свикале прес-конференција на која објавиле за фузијата. Претходно добиле и поддршка од советот на директори на двата клуба.
Против биле само навивачките здруженија на двата клуба, но на средбата со нивните претставници, претседателите симболично им донеле клучеви од клубовите и им предложиле они да го земат управувањето во свои раце, зошто во тој случај претседателите ќе си одат. Така ги побиле и последните противници на идејата.
ПОЧНАЛЕ СО АКАДЕМИЈА, СЕГА НИВНИ ДЕЦА ИГРААТ ВО БАРСЕЛОНА И МИЛАН
Првите чекори на новиот клуб биле: смена на тренерот (назначиле локалец кој ќе ги потсеќа на Централна Јутландија и кој добро ги знаел месните фудбалери) и решиле да сменат идентитет со ново лого, нов грб и бои кои нема да ги потсеќаат на минатите клубови.
Така се појавило лого со волк и новиот клуб Мидтјиланд (во превод од дански Централна Јутландија, регион во средишна Данска). Со цел сите да сфатат кој клуб е главен во регионот.
Во првата сезона Мидтјиланд влегол во данската Супер лига - откако ги срушил сите рекорди во втора лига по број на бодови. После само една сезона се пласирале во Куп на УЕФА.
Интересно после првата сезона во Европа (го поминале Гленторан во квалификации за Куп УЕФА, па испаднале од Спортинг Лисабон), во втората сезона во квалификациите Мидтјиланд играше против прилепска Победа. По 2-0 за Прилепчани на првиот меч на домашен терен, не издржаа на реваншот каде Данците славеа со 3-0 и се пласираа понатаму.
ОДЛИЧНА АКАДЕМИЈА КОЈА УЧЕЛА ОД ДРУГИТЕ
Клубот од Централна Јутландија решил да го измени данскиот фудбал. Во 2004 година отвориле академија со интернат. Во 2003-та Фудбалската федерација на Данска пратила претставници на клубот на екскурзија во Нант - со цел да изучат како работат младинските категоии.
Митдјиланд брзо се адаптирал. Во 2004-та година целта им била на Светско првенство 2014 да се појават најмалку двајца воспитаници од академијата.
Тогаш сите им се смееле на нивните предвидувања, но одличната скаутинг служба си го одработела своето: во Јужна Африка дресот на репрезентацијата го носеа двајца играчи кои ја поминале нивната школа: Симон Кјаер за Данска и Винстон Рид за Нов Зеланд.
Во 2008-ма година овие штопери воодушевиле на младинскиот турнир во Вијареџо кога Мидтијалнд успеал да ја задржи Аталанта (судбината вечерва ги спои во Лига на шампиони).
Кјаер го следеле скаути на многу италијански клубови па тој веќе во 2008-ма потпиша со Палермо за 4 милиони евра. Тоа бил рекорден трансфер во историјата на Митдјиланд. После 2 години Винстон Рид бил продаден во Вест Хем за 4,2 милиони евра.
За 20 години од своето основање, академијата на Мидтијалнд извадила неколку познати фудбалери: Мартин Брајтвајт денес игра за Барселона, Пионе Систо играше во Селта, Виктор Фишер, Слај Игбун, Јонас Лосл, Секу Олисе, Ерик Свјатченко и други.
Митдјиланд има сопствена скаут мрежа во Африка па многу таленти од Нигерија ја почнуваат европската кариера токму во Централна Јутландија.
Иновациониот младински департмент му подарил на клубот не само талентирани фудбалери но и одлични кадри. Клаус Стејнлејн е човек кој ја создал успешната академија и сега е директор на Митдјиланд.
БЛАГОДАРЕНИЕ НА НОВИОТ СОПСТВЕНИК, МИТДЈИЛАНД Е ИНОВАТОР И ВО ЕВРОПСКИ РАМКИ
Првите големи успеси на клубот дошле со доаѓањето на нов газда. Во 2014-та година англискиот бизнисмен Метју Бенем го купил клубот. Претходно тој го водел англискиот Брентфорд.
Бенем е основач на SmartOdds. Тој не важи за стереотипен сопственик на клуб. Завршил на Оксфорд (студирал физика), работел како економист. Тој сака да изучува статистички податоци и да смислува нови методи. Благодарение на Британецот, во Мидтјиланд се создала една од најсилните аналитички служби во фудбалска Европа.
Клубот еден од првите во Европа почнал да ја изучува статистиката xG и xPPG (очекувани бодови по натпревар). На нивните натпревари доаѓале по неколку аналитичари кои собирале огромна база на податоци.
Сите најважни информации му ги проследувале на тренерот и тоа му помагало во измена на играта уште во прв дел или да смисли план за вториот дел.
„Анализата на информации е иднина на фудбалот. Компанијата на Метју SmartOdds ни доставува неопходна статистика која ја одработуваме со сопствени алгоритми. Обично скаутите наоѓаат таленти, а ние смислуваме како најдобро да ги развиеме преку тренинзи и натпревари“, вели Жорди Рамс, аналитичар на Мидтјиланд.
Бенем го купил данскиот клуб во летото 2014-та а после една година Мидтијланд ја освои првата шампионска титула. Во клубот го ангажирале Томас Гронемарк, верувале или не, тренер за аути кој работел во Ливерпул.
Во 2015 година помошник на главниот тренер станал Брајан Приске и водел одвоени тренинзи. Мидтјиланд во шампионската сезона дури третина од головите ги дал после прекин - 23 од 64 гола паднале после прекин.
Во летото 2019-та Приске станал главен тренер и под негово раководство титулата се врати во Централна Јутландија а Мидтијалнд се проби и до Лига на шампиони, каде вечерва ќе дебитира против минатогодишното чудо Аталанта.