Против Реал синоќа цел меч одигра Такефуса Кубо којшто од кралскиот клуб е позајмен во Мајорка, но позајмицата дозволува тој да игра против „кралевите“.
Кубо има 19 години и како и Марко Асенсио својата прва сезона во сениорски фудбал ја игра на позајмица во Мајорка.
Но на теренот се појави некој уште помлад. Во 83' минута Баба Рахман излезе од игра и на негово место влезе Лука Ромеро. Тој имаше два контакти со топката и веќе се зборува за него во шпанските медиуми.
Во моментите кога беше на терен Лука Ромеро имаше 15 години, седум месеци и шест дена - на тој начин стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига.
Ромеро сруши рекорд стар цели 80 години! Многу одамна за Селта заиграл извесен Сансон кој дебитирал на 15 години и 255 дена.
Во топ 10 најмлади фудбалери во историјата на Ла Лига се и детето на Мајорка Фабрис Олинга (дебитираше за Малага) и Мартин Едегор, фудбалер под договор со Реал Мадрид.
Los debutantes más jóvenes en TODA la historia de La Liga:
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) June 24, 2020
15-219 LUKA ROMERO🇦🇷🇲🇽
15-255 Francisco Bao “Sansón”🇪🇸
15-288 Pedro Irastorza🇪🇸
15-289 Óscar Ramón🇪🇸
16-083 Branko Kubala🇸🇰
16-098 Fabrice Olinga🇨🇲
16-124 Antonio Puche🇪🇸
16-151 José A. Reyes🇪🇸
16-157 Martin Ødegaard🇳🇴 pic.twitter.com/l94iCPxHn7
Лука Ромеро пред една година заиграл за репрезентацијата на Аргентина У-17, инаку е роден во мексиканскиот град Дуранга каде играл татко му (после продолжил на Ибица во Мајорка).
Кога Лука наполнил 3 години, семејството се преселило на Балеарски острови. Татко му Диего Ромеро им ја пренел љубовта за фудбалот на децата - па така и брат му на Лука е голман.
Лука Ромеро го нарекуваат мексиканскиот Меси или новиот Меси.
That Luka Romero kid is raw as hell pic.twitter.com/n7BINVSRhc
— Malcolm Flex 🌹 (@gvgrundis) June 24, 2020
Најдобро го промовирал Дани Алвес, легендарниот десен бек кој еднаш на плажа во Сес Иљетес играл фудбал со него. Пред сите присутни рекол: „Снимајте го малиот, тој е новиот Меси“.
Интересно Ромеро за малку ќе бил во Барселона со Меси, затоа што во 2011-та година бил на проба во Ла Масиа. Таму го донел Орасио Гаџоли, менаџерот кој го донесе и Меси во Барселона.
Лука тогаш уште немал 10 години и не можел да потпише договор, а и семејството не живеело во Каталонија. За него бил заинтересиран и Реал Мадрид но Лука веќе заиграл во младинците на Мајрока.
Во првите четири години во системот на Мајорка Лука постигнал 230 голови, па од Барса рекле дека ќе го следат и натаму.