Покрај сите фалби за Брендан Фрејзер во улогата на прекумерно тешкиот професор по книжевност и критиките за „тенкото“ сценарио и наводното стереотипизирање на дебелите, некои од вредните елементи на овој филм останаа во сенка. Меѓу нив врската со еден друг реален и метафоричен кит, оној на Мелвил.
Еден италијански филм стана вредно парче интелектуална сопственост. Зошто? Затоа што она што се случува во него со мали адаптации може да биде препознаено во различни култури - од Исланд до Блискиот Исток.
Анупама Чандрасекар е името на индиската драмска писателка чија претстава се фокусира на атентаторот на Ганди, Натурам Годсе, кој бил обесен во 1948 за своето дело. Но неговото име во последниве години се враќа во оптек, овој пат не како предавник, туку како херој.
На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.
Се викал Чарлс Брн, и според различни извори бил висок некаде од 2,30 до 2,54 метри. Неговиот скелет се чува во Кралскиот колеџ за хирурзи во Лондон. Но неодамна се покрена иницијатива тој да биде вратен во родната Ирска.
Добро, не баш, ама дел од жителите на главниот град на Британија поставувањето на делото „Крајот“ на плоштадот Трафалгар го доживуваат како крај на добриот вкус. Сепак 9-метарско купче шлаг делува поинтересно од луѓе на коњ.
Изложба која се отвара утре, 31.10 во Лондон, нуди можност човек да се наспие. Но и да биде свесен за сите дразби кои во секојдневниот живот го држат буден.
„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“
Се случило во 1914, во лондонската Национална галерија на портрети. На сликата, која била намерно оштетена, е прикажан Томас Карлајл, еден од основачите на галеријата. А сторителот била жена по име Ан Хант, која го извршила делото како дел од милитантна кампања чија цел била жените да добијат право на глас.
Пет години пред да ја добие Нобеловата, Бекет решил да се проба на полето на филмот. Откако не успеал да го убеди Чаплин, се обидел кај уште една легенда на немиот филм, Бастер Китон. Овој најпрвин одговорил со само еден збор - „не".
Веројатно има и почудни начини да ти почне новата година отколку на 1 јануари, веднаш по Виенскиот концерт, со титкањето на СМС пораки кои посакуваат „многу љубов и здравје", да си пуштиш филм од Јоргос Лантимос. Ама тешко дека некои од другите опции би биле толку иронични.
Базиран на сатиричен расказ на Едгар Алан По, филмов пука од потенцијал за истражување на тенката граница помеѓу она што е (наводно) нормално и она што е (исто така наводно) ненормално и лудо. И покрај блескавата актерска екипа, тој е сепак повеќе љубовно филмче отколку филозофски трактат или ироничен коментар на современата култура.
Нов филм кој за некој ден премиерно ќе се прикаже во Германија зборува за Георг Елсер, 36-годишен дрводелец од гратче во јужниот дел од земјата, кој бил блиску до тоа да изврши атентат врз Хитлер на почетокот на Втората светска војна.
Во животот е јасно - првата сцена е кога ќе се родиш, а во последната умираш. Барем во овој аспект уметноста не го имитира животот, туку се обидува да биде понепредвидлива од него. Често во тоа и успева.
Со развојот на технологијата на обезбедување на книжарниците, како и со подемот на електронските изданија, ни крадците на книги веќе не се она што биле. Овие лондонските ги замислуваме како живописна, но софистицирана дружина апаши, на кои мора да им се признае - дека барем книга имаат отворено.
Базиран на три раскази на Ги Де Мопасан, филмов делува неверојатно свежо, и по темата и по начинот на кој е сниман. Дали нешто се променило од крајот на 19. век кога се во прашање „цивилизираните“ мажи и лажниот морал воопшто? Не баш.
Има еден виц, кога во некое од нашите села требало да се прикажува шведски филм, па селаниве се испотепале да дојдат до карта за на крај да сфатат дека „филмот не е шведски, туку советски“.
Италијанскиот режисер, поет, филозоф, сликар и политички активист беше убиен на 2. ноември 1975. И денес, четири децении подоцна, сè уште не се знае точно кој го сторил тоа, иако се претпоставува зошто. Еден филм на годинешново Венецијанско биенале ќе се обиде да ги реконструира последните часови од неговиот живот и да укаже на неговите можни убијци.
На 14. фебруари посетителите ќе имаат можност да ги видат „мрсните" страни на животот во 18. век. Серијата еротски рељефи кои прикажуваат разно-разни сексуални позиции ќе бидат изложени за прв пат.
Историски се познати случаи кога економската криза во некое општество поттикнува културен подем. Нешто слично последниве години се случува со грчкиот филм.