Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.
30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.
Нешто во последно време почесто гледам статии за Скопје. Луѓето почнаа да се обидуваат да го разберат, да пишуваат зошто го сакаат, зошто не го сакаат, како ги расположува, како ги нервира.
Малку криптографија, малку неуролошки науки и еден Бугарин е на пат да ни подари интернет лозинки кои не ги ни знаеме. Сè додека не ни пуштат една игрица. Хммм...
Кај нас можеш и буре вино да истркалаш ама на влез на концерти во странство речиси да нема шанса да прошверцуваш алкохол со себе. Речиси. Маката ги натерала досетливите да најдат чаре.
Додека го канеше Меккартни на сцена, пред 60.000 луѓе Спрингстин призна "50 години се обидував да го направам ова," неколку моменти подоцна градските власти им ја изгасија струјата.
Со додавање на дополнителни 3.500 војници на обезбедувањето на Олимпијадата, Британија и официјално има ангажирано два пати повеќе војници за ЛОИ 2012, отколку што има во Авганистан.
Од големата тројка, Оскари, Глобуси и Еми, последните се единствените кои наплаќаат за влез. На страна картите, Холивуд троши сериозни пари во трката за Еми.
Едно истражување на 1.000 американски работници покажало дека Американците никогаш не престануваат да работат или па дека се околу нив е толку досадно што они попрво би да работат.
Кога на Грците им беше убаво тие ги игнорираа сите што страдаа и не се ни потрудија да ја забележат сопствената пропаст, објаснува грчкиот режисер Христос Каракепелис.
Многумина уште жалат што кризата не ја пресретнаа со купување злато кое повторно се покажа како валута на која секогаш можеш да се потпреш во кризни времиња. Но, вистинското инвестициско елдорадо е кај бананите и кикириките.
Не ќе е случајно: двајца научници од различни делови на светот, независно еден од друг, велат дека се на праг да понудат вештачко месо кое комплетно ќе го редефинира нашиот однос кон себе и кон планетата.
Благодарение на нашите френдови од Метрополис радио и нивниот МВП Петар Ѓошев, пак имаме "право на прво читање", овојпат интервју со Ник Роудс од Дуран Дуран. Инџој Инџој.
Скандал од неколку стотици милиони евра ја тресе винската сцена во Франција откако истрага утврдила дека престижна фирма во убави винтажни шишиња полнела ефтино наливно вино од супермаркети.
Кога минатиот петок се врати во Рим, обвинителот Никола Гратери дозна дека се подготвува атентат на него. Само неколку денови претходно, во сосема друг случај, Гратери разбра дека мафијата купила 13 кг. пластичен експлозив наменет за него.