Концептот поаѓа од тоа дека фудбалот е најраспространета игра во светот, и дека тоа некако може да им помогне на луѓето кои се уште немаат електрична енергија (секој петти човек на планетава).
Топката е изработена од материјали што можат да се најдат во земјите во развој, водоотпорна е и не мора да се пумпа. Фудбалската топка, Soccket, со само 30 минути шутирање ќе собере доволно струја за 3-часовно напојување на сијалица.
Струјата се генерира со помош на магнети и калем кои се сместени во јадрото на фудбалот. Цената на изумот е колку еден оригинален ФИФА / УЕФА фудбал.
Целата идеја доаѓа од студенти од Харвард, а поддржана е и од поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Концептот веќе се тестира во Јужна Африка.
Во добар дел од земјите во развој, жителите зависат од керозински ламби, кои се сериозно штетни за здравјето. Светската банка проценува дека дишењето на чадот од керозинските ламби во затворена просторија има ист ефект како и пушење на две кутии цигари дневно.
Користењето на керозинот за осветлување создава околу 190 милиони тони јаглен диоксид годишно, што е еднакво на загадувањето од 38 милиони автомобили.