До сега, за обезбедувањето армијата имаше задолжено 7.500 војници, плус уште 6.000 кои беа во борбена приправност. Со новото дополнување, бројката се заокружи на 17.000.
Освен војската, за Игрите ќе бидат ангажирани и 13.200 лица од приватна компанија за обезбедување. Последното дополнување од британската армија, следува токму откако компанијата G4S соопшти дека нема да може да најде доволно луѓе за обезбедувањето.
За обезбедувањето на Олимпијадата и околу 100 важни локации (30 олимпијски локации и 70 не натпреварувачки), G4S треба да биде платена околу 380 милиони евра.