Терминските договори за одреден вид храна се покажаа како паметна "диверзификација на портфолиото" (да не пукнеш сè на иста карта а баш на таа карта да ѝ тргне).
Добро, не сета храна е паметна за инвестирање. Пченицата е аут ама затоа бананите, од 2008-ма до сега берзантски пораснаа за 50 посто а кикириките за 52, 2 проценти.
Ваквиот влез во безрата секогаш е рискантен бидејќи навистина тешко се предвидуваат нејзините движења. Пченицата изгледа како сигурен пласман но за една година изгуби една четвртина од својата вредност. Наспроти неа, заработката кај оризот е 22 процента.
Изненадување е и цената на кафето кое за 4 години поскапе за 40 проценти и телешкото кое има раст од 30 проценти.
Залтото беше добар пазар но драстичниот раст му се прекина уште лани. Светските индекси сè уште закрепнуваат од крахот на Леман Брадерс а македонската берза долго време е невидена тиња.