Европејците го мразеа говорот на Венс. Сепак, го сакаа говорот на Рубио. Разликата беше во тонот. Рубио ја заслади пораката: САД можеби ќе останат дел од НАТО, но Европа ќе остане сама. Наместо да ја прифатат новата реалност, Европејците се убедени дека ќе се вратат на старо. Трамп без сомнение ќе го нема за три години. Но, неговата безбедносна доктрина ќе опстои.
Хилари Клинтон ја разбранува Минхенската безбедносна конференција откако го сврте наопаку својот став за миграцијата. Кога му беше противник на Доналд Трамп остро ги напаѓаше неговите политики за изградба на ѕидови. Сега признава дека политиката за отворени граници отишла предалеку и дека ги дестабилизира земјите што примаат мигранти.
Администрацијата на Трамп ќе потроши близу 40 милијарди долари за да купи големи магацини и да ги пренамени во центри за притвор на десетици илјади имигранти пред да бидат протерани од САД. Проширувањето на капацитетите на 92.600 кревети најавува засилување на операциите на Службата за имиграција за приведувања на лица со нелегален престој.
Француската влада ги повикува граѓаните повеќе да јадат помфрит отколку месо. Во нова национална стратегија им објаснува дека со постењето ќе бидат поздрави, а во исто време ќе ја спасат планетата од штетните гасови од прехранбената индустрија. Успешноста на стратегијата на Париз најмногу ќе зависи од тоа како земјоделците ќе ги „сварат“ овие препораки.
Нафтеното богатство на Норвешка ѝ помогна да го изгради својот бренд на глобална хуманитарна и дипломатска сила, пример за просперитетна држава во која се почитуваат законите и во која нема корупција. Објавените документи за Џефри Епстин го разбија сето ова и ја симнаа маската зад која норвешката елита криела лаги, мито и корупција.
„Не направив ништо за да го променам начинот на кој природата го направи со мене. Затоа не се плашам. За следните игри ако има потреба ќе се тестирам. Немам проблем со тоа. Не се кријам“.
Европската комисија смислила план како да ја прими Украина за членка веќе во идната година. Европската Унија е во толку голем зорт од Русија, што би прифатила во свое членство земја која е во војна, која нема ни дефинирана територија, ама затоа има корупција до врвот на државата. Другите кандидати нека чекаат со години во реформи и политички блокади.
САД повеќе нема да го признаваат научното откритие кое го поттикна глобалниот бран политики за „нето нула“ емисии на стакленички гасови. Обама го употреби наодот за да воведе строги мерки за чадењето од возилата и електраните. Поништувањето би можело да им скрати трошоци од над 1.000 милијарди долари на граѓаните и на бизнисите.
Она што во САД беше релативно маргинален порок, брзо станува масовна навика, покренувајќи итни прашања за зависноста, фер-плејот и регулативата. Бидејќи се во дефанзива од популарните „пазари за предвидување“ големите ланци на конвенционални обложувалници отвораат свои пазари за предвидување. Парите во новата индустрија стануваат огромни а ги има намирисано и империјата Трамп.
На Западот се случува бунт против фамозните „нето-нула емисии“, поттикнат од неодржливите економски трошоци на преамбициозните и агресивно наметнувани таргети. Накратко, луѓето се уморни и од растечките сметки за струја и од хистериите околу климата. Политичките класи стануваат свесни дека се бара преголема жртва денес, за некој далечен и немерлив ќар.
Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц ги обвини САД и Британија дека самите се виновни што Иран сега им е најголем непријател, наместо да биде демократска и развиена земја на Блискиот Исток. Заради сопствените нафтени интереси пред 70 години соборија демократски режим, а сега се закануваат со војна за да одбранат демократија.
Како што огромниот дански остров Гренланд им е потребен на САД заради националната безбедност, па затоа Доналд Трамп инсистира да го присвои, по слична геостратегиска логика Русија би можела да го грабне шведскиот остров Готланд. Со ракети на него, би имала целосна контрола врз стратегиски важниот регион на Балтичкото Море.
Системот за ракетна одбрана Златна куполa на Доналд Трамп веќе достигна неверојатно висока проектирана цена од 175 милијарди долари. Нова анализа покажува дека во реалноста САД треба да платат многу повеќе пари, колку што нема ни по трезори, банки или џебови. Дури ни тогаш куполата не би гарантирала дека ќе да ги заштити Американците од нуклеарен напад.
Санкциите на САД ја изедначија специјалната известувачка на ОН, Франческа Албанезе, со терористи и ѝ ја загрозија егзистенцијата. Кредитните картички ѝ се блокирани и не може да отвори банкарски сметки. Нејзиното семејство добива закани. Ова е казната за кажувањето на вистината за израелските злосторства во Газа.
Главната предност на Русија во мировните преговори не е напредувањето на фронтот, туку потенцијалот од економските договори во вредност од илјадници милијарди долари што им ги нуди на САД. Зеленски предупредува дека во „пакетот Дмитриев“ е вклучен и украински суверенитет, а од Киев ќе се бара да го прифати најдоцна до јуни.