Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Иран го отвори Ормускиот проток, САД ја задржаа блокадата

17 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иран објави дека ја прекинува својата блокада за премин на сите комерцијални бродови преку Ормускиот теснец, откако Либан и Израел постигнаа договор за прекин на огнот.
  • „Теснецот ќе биде отворен од иранска страна сè додека е на сила примирјето“, изјави министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Тој додаде дека бродовите ќе треба да пловат по рутата што ја објави Организацијата за пристаништа и поморство на Иран.
  • Соопштението на Иран ја спушти цената на нафтата на берзите за 9%.
  • Доналд Трамп ја пренесе одлуката на Техеран, но забележа дека САД нема да ја повлечат својата блокада на Ормускиот проток за бродовите што пловат кон иранските пристаништа.
  • „Блокадата ќе остане во полна сила сè додека нашите преговори со Иран не завршат 100%“, порача Трамп. Според него, тоа треба да се случи „набрзо“, бидејќи „веќе е постигнат договор за повеќето од точките“.
извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Цена на злото

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Mеме на денот

Кој не верува, да му умре мајка

Може ли бре малку тишина?

11 јануари 2018, каков ден беше тоа!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy