Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ја прогласи марихуаната за „помалку опасна дрога“

24 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерството за правда на САД ги олабави ограничувањата за некои производи од марихуана и ја класифицира дрогата како помалку опасна, што е една од најголемите промени во политиката за дрога на САД во изминатите децении.
  • Овој потег не ја легализира марихуаната на федерално ниво на САД, но се очекува да ја преобликува индустријата што достигна вредност од 47 милијарди долари. Разлабавува бариери на федерално ниво, иако марихуаната веќе е легализирана за медицинска употреба во речиси сите сојузни држави (освен во Ајдахо и Канзас), а во 24 е дозволена и за рекреативна употреба.
  • Производите од канабис регулирани од државата сега се префрлени од групата лекови „што предизвикуваат висока зависност“, како хероинот, во помалку рестриктивна категорија „со низок до умерен потенцијал за злоупотреба“, како вообичаените лекови против болки, кетамин и стероиди. Компании истражуваат фармацевтска употреба на марихуана за справување со болка, симптоми на рак, анксиозност и други нарушувања.
  • „Оваа мерка овозможува истражување за безбедноста и ефикасноста на оваа супстанца, со што пациентите ќе добијат подобра грижа, а лекарите посигурни информации“, соопшти државниот обвинител Тод Бланш.
  • Марихуаната е најшироко користената нелегална дрога во САД и во светот. Речиси еден од пет жители на САД ја користи годишно, според Центрите за контрола и превенција на болести. Милиони Американци се уапсени за поседување на дрога. Новата одлука нема влијание врз казните.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каде се парите?

За цивилизација во која ништо нема да боли

Скриените политички пораки на Евровизија 2015

Добро што Отешево нема гинекологија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy