Претставникот на Трамп бара од ФИФА Италија да игра на СП место Иран
24 април 2026
- Планот е обид за поправка на односите меѓу Трамп и премиерката на Италија, Џорџа Мелони, откако двајцата се скараа поради нападите на американскиот претседател против папата Лав XIV во врска со војната со Иран, објави „Фајненшл тајмс“.
- „Потврдувам дека им предложив на Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Италија да го замени Иран на Светското првенство. Јас сум роден во Италија и би било сон да ги видам Аѕурите на првенство на кое домаќин е САД. Со четири светски титули, тие имаат педигре за да го оправдаат вклучувањето“, вели специјалниот претставник на САД, Паоло Замполи.
- Белата куќа, ФИФА, Италијанската фудбалска федерација и Иранската фудбалска федерација за сега немаат коментар на ова.