- Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи на неодредено време прекинот на огнот со Иран за да овозможи понатамошни преговори.
- Тој додаде дека ѝ наредил на војската да биде спремна за дејство и да ја продолжи поморската блокада на Ормускиот теснец – главната причина поради која Техеран одби да учествува на новата рунда преговори во Пакистан.
- „Губитничката страна не може да поставува услови... Продолжувањето на прекинот на огнот од страна на Трамп сигурно значи купување време за да изврши изненадувачки удар“, забележа иранскиот главен преговарач Мохамед Багер Галибаф.
- Иран е „100% подготвен“ за каков било изненадувачки напад на САД. „Во случај на агресија, иранските сили веднаш и моќно ќе нападнат одредени цели и ќе ѝ дадат на Америка... построга лекција од порано“, додаде портпаролот на оружените сили.
- Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саеид Иравани, изјави дека Техеран „добил знак“ дека САД се подготвени да ја прекинат блокадата на Ормускиот проток. Ако тоа се случи, Иран ќе се врати на мировните преговори во Пакистан.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.