Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.
Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Фудбалската федерација на Македонија ги пушти билетите во продажба за полуфиналниот меч од Лига на нации меѓу Македонија и Косово. Уште прв ден имаше голем интерес, ама и една утка која ги изнервира тие што чекаа ред.
Нека не ве чуди насловот. Во Велика Британија обложувањето е од век и векова и таму може да се кладите на буквално што ќе посакате. Така комшии, роднини и другари на Стариџ добиле „дојава“ од него за кој тим ќе потпише, ама на крај останале со празни раце. Сега плус и ФА го одра.
Кампањата на милијардерот купи прајмтајм слот за реклами, за Блумберг да може да глуми претседател на земјата во време на криза, конкретно епидемија на коронавирус.
Во конзервативни и традиционалистички средини, нечија политичка кариера може веднаш да заврши ако му извадат муабет дека е геј. Америка го има поминато тој рубикон па во 2020-та го имаат првиот кандидат за претседател кој отворено е геј. Но, Пит Бутиџеџ сега има сосема поинаков проблем со својата сексуална ориентација. Неговите му замераат дека е премалку геј.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
Потрошувачката на реклами за партискиот конкурс на демократите за американските претседателски избори веќе ја надмина границата од 1 милијарда долари, а над половина од парите доаѓаат од кампањата на Блумберг.
Клуб Бриж на првиот меч против Манчестер Јунајтед во Лига Европа одигра достојно (1:1). На реваншот во Англија се држеа 22 минути, ама тогаш нивниот стопер Симон Дели направи будалеста работа, помисли дека е голман и тргна со рака да брани еден шут.
Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.
Таму додуше реванши се играат, причина повеќе да биде поинтересно, а кога имаме голман херој во решавачки моменти, тогаш драмата не може да биде поголема.
Над 30 лица загинаа во најсмртоносното религиозно насилство во Индија во последниве неколку децении, а делови од Њу Делхи и понатаму изгледаат како сценографија од граѓанска војна.
Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова на 32 години стави крај на кариерата поради честите повреди со кои не можеше да излезе на крај.
Клубовите од главниот град на Англија во иднина ќе се молат на ждрепка да бидат што подалеку од германскиот гигант, зошто кога и да им дојде на гости им прави рушвајс.
Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс постигна голчиште против Барселона со кое го стигна Хамшик на листата најдобри стрелци во историјата на Наполи. Возврати Гризман кој и донесе на Барса поволен резултат пред реваншот. Челси е со една нога во аут.
Откако ги пукна глобален срам, јужнокорејските власти ќе им реновираат по дома на сиромашни семејства во Сеул кои живеат во подруми налик семејството од „Паразит“ за да ги унапредат нивните услови за живот,
Една слика на која се ставени еден куп визуелни ишарети кои треба да ве асоцираат на светски познати бендови и музичари. Ајде, кој колку може, ама не одма со Гугл.
Повеќекратниот Оскаровец зборува за тоа колку долго време го окупира темата на класните разлики и како не е оптимист дека наспроти сите смартфони што сите ги имаме, клучните разлики и јазови меѓу луѓето ќе останат да важат и во генерацијата на неговиот син. За работата со актерите вели дека им ги поедноставува ситуациите, за да можат тие од прва емотивно да ги уловат.
Британскиот боксер Тајсон Фјури, кој себе се декларира како крал на циганите, со технички нокаут во 7-та рунда го совлада Американецот Дионтеј Вајлдер и остана непоразен во тешка категорија.
Земјите од ЕУ и други држави од континентот имаат амбициозен план до 2035 да престане да продава дизел коли а до 2050 континентот да биде CO2 неутрален. Само што, ќе се најде ли толку струја за сите тие коли?