Фчерашни новости со упатство како да се справите со корона вирусот

Додека сите се во паника и не знаат кај тераат, Фчерашни новости на едно место ги собра најголемите експерти и познавачи на вируси и слично, за да одговорат на прашањето кое ептен го мачи народот, како да се справите со корона вирусот и зошто да не купувате голема количина на брашно.

Менде Гибнатиот подетално ќе ви објасни во најавата за новата епизода, која ќе може да ја погледнете во недела во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.

Воедно, сакаме да ве известиме дека ни е особена чест и задоволство што по четврти пат по ред „Златната бубамара“ за најсатирична емисија ни дојде на гости. Ваквите награди се доказ дека посветеноста и упорноста во нашата работа секогаш вродуваат со плод, како од манифестациите кои тоа го препознаваат, така и од позитивниот исход кај гледачите.

Од се срце ви благодариме и продолжете да не гледате. :)

(Комерцијален текст)

 

28 февруари 2020 - 10:27