Гостување во Лондон му е најомилена европска маршрута на Баерн Минхен. Со почеток од сезоната 2012/2013, гигантот од Минхен 7 пати играл во англиската престолнина: има 6 победи, 1 пораз и 1 пехар од Лига на шампиони.
Најмногу од сите англиски клубови од Баерн страдал Арсенал. Едно време беа хит на ждрепките на УЕФА затоа што паѓаа често едни против други. Топџиите сега играат во Лига Европа, па германскиот шампион реши „да ги дере“ Тотенхем и Челси.
Најтешките порази во клупската историја во еврокупови, Тотенхем и Арсенал ги доживеаа токму од Баварците - на 7 март 2017 Арсенал на „Емирати“ изгуби 1:5 пред свои навивачи, а Тотенхем скоро, на 1 октомври 2019 беше понижен од Баерн на својот нов стадион - 2:7 во Лига на шампиони.
Челси синоќа беше декласиран со 0:3. Два од трите гола даде Серж Гнабри, интересен фудбалски профил, фантастичен играч за кого во 2015-та година немаше место во Вест Бромвич, па преку Арсенал стигна до Баерн и годинава игра лудо. На Тотенхем во ЛШ му даде 4 гола во споменатиот дебакл (2:7). Досега сезонава на 30 меча има 17 гола и 10 асистенции. Трет стрелец е во ЛШ после Левандовски и Халанд.
А Гнабри најде време и да ги пецне некогашните омразени ривали од Челси додека играше за Арсенал:
London still red.. #FCB pic.twitter.com/3108THrtzv
— Serge Gnabry (@SergeGnabry) February 25, 2020
Учинокот на Баерн Минхен во Лондон во претходните сезони:
2012/2013, прв меч од 1/8 финале: Арсенал - Баерн 1:3
2013/2014, финале на ЛШ на Вембли: Борусија Дортмунд - Баерн 1:2
2015/2016, групна фаза ЛШ: Арсенал - Баерн 2:0
2016/2017, прв меч од 1/8 финале на ЛШ: Арсенал Баерн 1:5
2019/2020, групна фаза на ЛШ: Тотенхем - Баерн 2:7
2019/2020, прв меч од 1/8 финале: Челси - Баерн 0:3
БАВАРЦИТЕ ГО СУРЕДИЈА ЧЕЛСИ ВО ЛОНДОН, НА САН ПАОЛО НЕМАШЕ ПОБЕДНИК