Кралот се врати на тронот

Британскиот боксер Тајсон Фјури, кој себе се декларира како крал на циганите, со технички нокаут во 7-та рунда го совлада Американецот Дионтеј Вајлдер и остана непоразен во тешка категорија.

Тајсон Фјури се врати на тронот во тешка категорија. Цели четири ипол години откако го урна големиот Владимир Кличко и се закити со златниот појас, Фјури одново може да се пофали дека е светски боксерски шампион во тешка категорија.

КАКО СЕ ОДВИВАШЕ МЕЧОТ?

Спетаклот во преполната сала во Лас Вегас го отворија тројци големи легенди на светскиот бокс и поранешни шампиони Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд и Ленокс Луис.

Интересно и двајцата боксери во мечот влегоа потешки отколку на претходната битка лани: Вајлдер има 104 килограми а Фјури 123.

Британецот влезе прв во рингот затоа што беше предизвикувачот. Го изнесоа на трон, со песната „Crazy“ од Петси Клајн.

Страшниот Вајлдер во ринг влезе маскиран во нешто што наликуваше на оклопот на Саурон од филмот „Господар на прстените)

Дионтеј Вајлдер, според очекуваното, жестоко го почна мечот и со леви директи во глава проба да го збуни Фјури, но Британецот набрзо се консолидираше и со комбинација на разни удари успеа да му возврати на Американецот.

Во втората рунда потполно иста приказна. Најсилниот удирач во тешкиот бокс тргна со сите сили на Фјури но овој пак успеа да го издржи жестокиот налет на Дионтеј.

И како што најавуваа стручњаците во повеќе наврати изминатите недели, тактиката на Вајлдер, да тргне јуришно а потоа да подзастане, се испостави како вистинита и овој пат. Американецот како да подуспори и се трудеше да ги избегнува ударите на Фјури кој тргна во контранапад.

Токму во 3. рунда Вајлдер првпат беше во нокдаун откако „кралот на циганите“ со страшно десно кроше го избезуми:

Во текот на третата рунда Фјури покажа дека е далеку подобар боксер затоа што го удираше Американецот буквално од секој агол. Кога влегуваа во клинч, Фјури вешто го прегрнуваше Дионтеј и мудро го избегна секој сериозен обид на Вајлдер да го погоди.

Судијата Кени Бјелис го одброи нокдаунот, Вајлдер набрзо пак падна на земја но судијата процени дека се лизнал, како што се случи и во четвртата рунда. Во еден момент Фјури му ја дупнал бубната опна на десното уво од каде на Вајлдер почнала да му тече крв.

Откако го потроши речиси цел рафал на жестоки удари, на Вајлдер му беше се потешко затоа што мораше да се повлекува назад и да спасува глава од сè пожестокиот Тајсон Фјури.

Во 5. рунда Британецот зададе уште еден јак нокдаун но судијата му одзема бод зошто наводно удрил по знакот за прекин, така што таа рунда ја доби со 9:8.

Во 6. рунда Фјури веќе покажа дека губи енергија што беше за очекување со оглед на тоа што има цели 123 килограми тежина.

Во 7. рунда „рутински“ бокс како и претходно, но во еден момент кога Фјури го истурка Вајлдер во ќоше, од тој агол влета пешкир и судијата Бејлис мораше да мавта со раката за крај.

На тој начин Тајсон Фјури потполно заслужено го освои WBC појасот во тешка категорија. Остана непобедлив боксерски првак - има 30 победи и 1 реми. Неколку дена пред мечот, Тајсон Фјури изјави дека ако победи, веќе „ќе ја сврти игрицата“ и дека ќе се пензионира.

На крај, традиционално заедно со неколку илјади свои навивачи кои допатуваа специјално за мечот од Британија и својот тим ја испеа песната „American Pie“ од Дон Меклин:

Иако Вајлдер беше благ фаворит пред мечот и ретко кој очекуваше ваков исход, Фјури боксуваше најдобро во целата своја кариера. „Кралот на циганите“ му го нанесе на Деонтеј првиот пораз во кариерата. Јавноста сега очекува борба меѓу Фјури и Ентони Џошуа за насловот апсолутен светски боксерски шампион. Интересно, во договорот за овој меч имало клаузула според која Вајлдер има право да бара реванш, но малку е за очекување дека ќе се реши за такво нешто.