Трилер завршницата се случи на осминафиналниот меч во КОНКАКАФ зоната на мечот меѓу Тигрес од Мексико и Алијанца од Ел Салвадор.
Мексиканците загубија на гости 2:1, но на реваншот по само 24 минути игра имаа водство од 3:0. Погоди Енер Валенсија, а потоа уште два пати поранешниот француски репрезентативец Андре Пјер Жињак, кој претходно играше во Марсеј.
Но уште на полувреме се виде дека тој резултат не им носи комоција затоа што гостите им возвратија со два комада во 33-та и 42-ра минута. Резултатот од 3:2 поради еден гол повеќе на гости понатаму го носеше тимот на Алијанца.
Во второ полувреме мрежите мируваа се до 94-та минута. Тигре изведува слободен удар како последна надеж. Ја нафрла Варгас, кој го паметиме од Наполи, а во шеснаесетник јуначки скока и ја забива голманот Нахуел Гузман.
Со 4:2 Тигрес е четвртфиналист. Делириум на трибини.
Сите голови