Таг: конкакаф

Пацерот на годината ни доаѓа од Хондурас

Мечот меѓу Олимпија од Хондурас и Диријанжен од Никарагва во рамките на четвртфиналето од Конкакаф лигата, ни го носи промашување на годината. Па ова со кук да пробаше ќе го дадеше.

“Повреден“ измамник на сезоната

Доста се жалите од Нејмар и гледајте како глумат во една друга Лига на шампиони, онаа во Конкакаф. Клуб Америка од Мексико има 0:1 против Портланд и се игра 88-ма минута. Погледнете го бескичмењаков како се обиде да задржува време.

Цела фудбалска репрезентација на Белизе за малку киднапирана

Фудбалерите на Белизе имале голема среќа и само поради благовремена реакција на полицијата избегнале киднапирање по доаѓањето на Хаити на меч од квалификациите за Светско првенство 2022.

Ти да видиш во Америка како се решава меч од нокаут фаза во ЛШ

Таму додуше реванши се играат, причина повеќе да биде поинтересно, а кога имаме голман херој во решавачки моменти, тогаш драмата не може да биде поголема.

Е ова ти се вика атмосфера во финале на ЛШ

Тигрес и Монтереи и двете од Мексико, синоќа се сретнаа во финалето на Лигата на шампиони во КОНКАКАФ каде се натпреваруваат екипи од Средна, Северна Америка и Карибите. Монтереј во првата пресметка славеше 1:0. Но резултатот нас не нè интересира, рокнете звучките да видите што е фудбалски спектакл. Ова го нема во Европа.

Мексиканска автоиронија

Во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Толука дома изгуби со 0-2 од Спортинг Канзас Сити и со вкупен резултат 0-5 во двомечот испаѓа од турнирот. Синоќа пред крајот домашните навивачи викале “оле“ на секој контакт со топката на играчите на Канзас.

Глупсон и тупсон во епизодата „Ајде де, се случува“

Во осминафинале на преку-океанската Лига на шампиони, мексиканскиот Тигрес со 5-1 го демолираше Депортиво Саприса од Коста Рика. Првиот погодок на мечот беше автогол а кривци голманот Круз и стоперот Одри Дејвид. Не се знае кој е покрив.

Топот од Панама со еврогол

Во КОНКАКАФ Лигата на шампиони (играат екипи од Централна и Северна Америка), Индепендиенте од Панама со 4-0 го испраши Торонто кој неодамна остана без најдобрите играчи Васкез (Катар) и Џовинко (Саудиска Арабија). Вториот гол за домаќините кој го даде Омар Браун беше преубав.

Крахот на симпатичниот буцко

Неколку часа откако Мексико го освои Голд купот во САД, селекторот на оваа земја доби отказ поради тоа што на аеродром во Филаделфија го нападна новинарот со кој долго време не се мирисале.

Анонимните квалификации за СП 2018

Пред десетина дена во Азија почна квалификацискиот циклус за Мундијалот во Русија, а најголема вест беше кралството Бутан, претпоследната репрезентација на ФИФА која победи за прв пат во својата историја. Да ѕирнеме што се случува со квалификациите на Карибите.

Четири гола за 11 минути

Ибрахимовиќ пред неколку дена стана десеттиот фудбалер кој успеа да постигне четири гола на еден меч во ЛШ, но ваков махер во Лигата на шампионите добија и Американците во КОНКАКАФ зоната, а тоа е Николас Муноз кој во дресот на Исидро Метапант стана првиот со четири погодоци во ова натпреварување кој успеа да ги постигне за само 11 минути против Лос Анџелс Галакси.

Донирајте за патот на фудбалерите на Белизе

Како не им текна ова порано на челниците на ФК Вардар? Македонскиот шампион можеше да патува како што му доликува наместо со автобус до Букурешт. Најмалата земја во Централна Америка преку интернет собира донации за патот на фудбалерите во САД каде треба да играат на континенталното првенство.