Репрезентативците на Белизе се возеле со автобус кон хотелот каде требале да отседнат кога во еден момент патот им го попречиле десетина напаѓачи вооружени со автоматски пушки.
Набрзо автобусот го опколиле неколку мотори а вооружените напаѓачи му заповедале на возачот да отвори прозор за да му кажат што треба да прави.
Во последен момент влетала полицијата која спречила киднапирање и ги растерала киднаперите. Хаити се соочува со сериозни проблеми со киднапирање во последните неколку години, а неофицијално секој месец има во просек околу 100-ина киднапирања.
Tak kadrowicze Belize zostali „przywitani” na Haiti.
— Michał Matlak (@matlak_michal) March 22, 2021
Na drodze do hotelu autokar został zatrzymany przez dużą grupę uzbrojonych mężczyzn. Czterech policjantów w eskorcie musiało negocjować z nimi dalszy przejazd.
O sytuacji powiadomiono już FIFA i CONCACAF.#CONCACAFpl pic.twitter.com/6b2NodQjXZ
„Згрозени сме од она што ни се случи по пристигнувањето на Хаити. Во контакт сме со ФИФА и КОНКАКАФ со цел да им пружиме на нашите играчи и стручен штаб максимална безбедност за време на престојот тука. Иако се видно потресени од она што се случи, сите играчи се добро и покажаа голема храброст“, напишале во соопштението од фудбалскиот сојуз на Белизе.