Колку повеќе се стишува светот додека луѓето се кријат од пандемија, толку повеќе време имаат луѓето за размислување. Одеднаш, имаме многу за читање - како општеството треба да научи од своите грешки, како мораме да се псоветиме да бидеме подобри кога ќе помине - како грешници што се пазарат со Господ кога се во опасност од смрт. Сепак, една работа не личи како да ќе се искорени во скоро време.
Триглав Осигурување започнува денес со наградна игра под називот „карантWin”. Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда, само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, коешто е еден од најголемите предизвици во овој период.
Секоја сезона во последните пар кола пред крајот, се води жестока битка за еврокупови, за титула, за опстанок во лигата. Во цела таа хаотична трка некогаш не се бираат средства да се оствари целта. Ама некогаш се преминува границата, како пред 6 години во Памплона.
Во двомечот од полуфиналето на ЛШ во 2006/2007 меѓу Милан и Манчестер Јунајтед паднаа 8 гола. На „Олд Трафорд“ на првиот дуел на денешен ден пред 13 години, Англичаните славеа 3-2 со два гола на Руни и еден на Роналдо. Кака ги постигна двата за Милан од кои едниот се памти одлично и 13 години подоцна. На реваншот Бразилецот постигна уште еден гол во триумфот на Милан од 3-0.
Во Фчерашни Новости поминале многу гости од различни профили; пратеници, хуманисти, глумци, пејачи, но никогаш сите тие квалитети во еден ист човек. Во оваа епизода го имаме токму тоа. Пратеникот со златен глас, Самка Ибраимовски, кој ќе настапи заедно со најпознатиот бенд во карантин, „Карантин Бенд“.
Клупските медицински лица и вработените во компанијата која што направила IQ тестови за повеќе играчи на Челси биле зачудени од резултатите на Лампард кои ги има само 0,1% од населението.
Сооченоста со смртта, хемијата на анестезиите, неприродноста на дишењето преку апарат поради што некои пациенти мораат да бидат врзувани за да не ги откорнат цревата од себе... сето тоа може да остави трајни последици во мозокот, од пост трауматски стрес синдром до когнитивно марушување и деменција.
Српскиот аудиториум од ден во ден може да го следи сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ како сам си ја озонира крвта, на лекари со повеќедецениско искуство им држи предавања, на своите вработени им пропишува витамини кои тој ги голта „цела рака“, се прогласува за Луј - Жекс - Пастер и пресметува формули по кои кривата на заразени ќе почне да паѓа.
Стратегот на Вест Хем не е како некои шупаци во Премиер лига кои одбиваат кратење и покрај тоа што имаат ненормална неделна плата и до 400.000 фунти. Мојс прифати 30% кратење на годишната плата од 2 милиони фунти, а во меѓувреме почна и да помага по луѓе.
Властите на Калифорнија затворија еден популарен скејт-парк со истурање на 37 тони песок, затоа што сите претходни разумни обиди за негово затворање не успеаа.
Дури и кога по неколку милиони Американци неделно завршуваат на Завод за вработување, нето вредноста на најбогатите Американци упорно и незапирливо расте, па за сега богатството им е на 10% плус во споредба со почетокот на март.
Корења пуштија дома, особено нашиве кои играат во италијанско, па на Илија Несторовски му дојде идеја како да пополни време на интересен начин и за него и за навивачите. Вклучува играчи во живо на Инстаграм и им поставува интересни прашања.
Додека жителите на градот и понатаму се на задолжително седење дома, Милано планира да претвори над 35 километри улици во велосипедски и пешачки патеки.
Хрватскиот писател не може да се изначуди со каква леснотија слободарите од Запад и демократските општества почнаа да се одушевуваат од ефикасноста со која тоталитарните држави се справуваат со епидемијата. Па потсетува: дечки, тоталитарните држави во сè се поефикасни. Демократијата има смисла само кога ѝ служи на слободата.
Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.
Чешките туристички асоцијации во обид да ги спасат летните аранжмани што ги имаат во Хрватска предложија создавање „корона коридор“ од Чешка до Јадранско море.
Знаете како на сите ви истекна по една доскочица „што ќе прават швалерките сега во карантин?“ Е па, еве една реална димензија. Иако, насловот со „швалерка“ во него, откако ќе го прочиташ текстот, станува малку нефер. Не е ова класика, „ме сака, не спие со жена му“. Добро да, и ова го кажува. Ама еве, читнете.
Кој ја гледал, да си го обнови материјалот и репликите. Кој пак не ја гледал, сега е време да го фати возот. Животот може да се проживее и без гледање на оваа претстава, ама па, глупо е.
Познати како хиперактивни, помалку позитивно блесави, голманите си бркаат работа во карантин и во изолација. Нив им е потешко зошто мора да најдат некои кои ќе им шутира, а да не се жените и децата. Пример за тоа е Чилеанецот Клаудио Браво.
Во овој продолжен карантински викенд, некој доста длабоко копал во архивите на нашиот ракомет или поточно во Лига на шампиони од 90-те. И во тие младалачки денови мрежите ги кинел безвременскиот Лазаров. Коментираат Златко Калински и Зоран Поповски.
Пред 6 години, на 17-ти април во големото финале на шпанскиот кралски Куп се сретнаа Барселона и Реал. Финалето се играше на преполна Местаља (52,953 гледачи), а Реал славеше 2-1.
За оваа епизода, Фчерашни новости ни подготвија малку поинакво издание. Специјален гостин ѕвезда ќе биде никој друг туку човекот кој секогаш е заљубен на Велигден, Џина Папас - Џокси.
На форуми посветени на сметководство, инженеринг и Њујорк, луѓето бараат да ги видат туѓите комбинации за на работа или прашуваат како некој друг се носи. Во групи на Фејсбук за слабеење или мајчинство има прашања кај може да се најде евтин црн блејзер или кои се најдобрите панталони за на работа. На форумот на Хакер Њуз, еден 30 и кусур годишен дечко се жали како директорот го понижил што носи кошула меѓу сите опуштено облечени колеги.
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.