Митот за скржавоста на Скоти Пипен дека имал змија во џеб

Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.

На почетокот на сезоната 97/98 - последна на Џордан во Булс, Скоти Пипен заработувал 2,7 милиони долари годишно и го завземал дури 122. место во лигата по висина на плата. Поради тоа, тој постојано бил во војна со управата, барал трампа и ја одложил неопходната операција поради што пропушти пола од важната година.

Прашањата за пари секогаш му биле болни на Пипен и секогаш правеле дополнителен дискомфорт во соблекувалната на Чикаго Булс.

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ПИПЕН

Скоти бил најмалото од 12 деца во сиромашно семејство во малиот град Хамбург во државата Арканзас.

Татко му работел во фабрика за производство на хартија. Кога Пипен уште одел во градинка, татко му преживеал неколку удари и на долги години останал парализиран. Кога Скоти имал 11 години, неговиот постар брат тешко го повредил 'рбетот на физичко и исто бил парализиран.

Благодарение на одличниот однос кон спортот и неговата дарба, Пипен успеал да добие стипендија на универзитетот Централен Арканзас (чиј кошаркарски тим не играл во првата дивизија на NCAA).

Како што подоцна раскажал Пипен, тој прво не ни размислувал за кошарка, сакал само да работи како администратор во локалната екипа, ама не издржал кога другарите му предложиле да побегнат од дома и да бараат добра средина за кошарка.

ГО БИЕЛ ГЛАС ДЕКА Е СКРЖАВ ДУРИ И КОГА НАПРАВИЛ МИЛИОНИ

После неколку години Пипен нималку не го сменил својот однос кон парите. Во 1997 Sports Illustrated пишувал за финансиските навики на ѕвездите од НБА.

Славното крило на Чикаго бил претставен како No Tippin'Pippen - „Пипен кој никогаш не остава бакшиш“. Ова го потврдиле и некои колеги на Пипен. Чарлс Баркли еднаш изјавил дека „нема поалчни луѓе за пари од Џордан и Пипен“:

Практично за целата своја кариера во Чикаго, Пипен бил незадоволен од договорот.

Бил незадоволен и пред првата шампионска сезона (1990/1991). Тогаш заработувал 800.000 долари годишно и сакал да го бојкотира летниот камп, но се вратил во тимот кога агентот му објаснил дека според правилата, Чикаго можел да го продолжи договорот со него дури следното лето.

И така и било. Во летото 1991 Пипен потпишал повеќегодишен договор со Булс иако лично сопственикот на Чикаго, легендарниот Џери Рејнсдорф предупредувал дека не е добро да се потпишуваат договори на толку долго.

„Памтам дека тогаш помислив: не е паметно да потпишуваш толку долги договори. Така и му кажав на Скоти: ти се продаваш евтино“. А Пипен му одговорил: „Вие никогаш нема да слушнете барања од мене“.

Во сезоната 1992/1993 се било одлично: платата на Пипен била 3,43 милиони долари годишно и тој бил 8-ми најплатен играч во лигата после Дејвид Робинсон, Џордан, Хот Род Вилијамс, Владе Дивац, Роберт Париш и Кевин Мекхејл.

Но во '90-те години се случи финансиски бум: после колективен договор во 95-та, платите пораснале од 15,97 милиони до 23 милиони долари, односно на цели 44 проценти!

И Пипен одново „го јадел црвот“.

Чикаго Булс можел во 95-та да го продолжи договорот со него, но не постапил така: во тој случај Пипен во три сезони од 95/96 до 97/98 не би заработувал веќе 7,95 милиони долари туку 13,3 милиони. Булси претпочитале да потрошат пари на засилувања.

Таков став имал генералниот менаџер на Чикаго Џери Крауз, особено откако Пипен во средината на '90-те го уапсиле за нелегално поседување оружје (обвинението отфрлено) и го уапсиле поради наводно домашно насилство (обвинението исто отфрлено), а против Скоти двапати покренувале барање за докажување татковство.

Исто така Пипен го налутил раководството откако во плејоф серијата со Никс во 94-та година одби да излезе на паркет во последните секунди откако решавачкиот шут му бил доверен на неговиот вечен ривал Кукоч (ова никогаш не било демантирано).

На крај сè се завршило добро за Скоти. 

Ако Чикаго го продолжел договорот со Пипен, тогаш тој ќе требал да остане во клубот до 2000-та година со прогресивно зголемување на платата. А во 2000-та ќе имал веќе 35.

Во 1998-ма Пипен беше слободен агент и го склучи најбогатиот договор во својата кариера - доби 70 милиони од Хјустон Рокетс.

Благодарение на овој договор, Пипен во својата кариера заработил повеќе отколку Џордан. Мајкл со се колосалните 30 милиони за последниот 2-годишен договор заработил вкупно околу 90 милиони долари за цело време поминато во НБА. Скоти заработил 110 милиони долари според договорите.

Треба сепак да биде јасно дека Пипен секако не беше Џордан, иако исто така рекламираше сè и сешто.

КАКО СЕ ПОЈАВИЛ МИТОТ ДЕКА ПИПЕН БАНКРОТИРАЛ?

Скоти Пипен ја заврши кариерата во 2004-та година. Во 2007-ма тој неочекувано објавил дека се спрема одново да се врати во НБА. Рече дека би сакал да игра за тим кој ќе се бори за титулата и дека сака да освои седми прстен. Цело лето тренирал на Флорида и водел преговори со Мајами Хит.

Во јануари 2008-ма Пипен дури и се врати во професионалната кошарка - одигра три меча во првенствата на Финска и Шведска и за тоа добил 66.000 долари.

Во меѓувреме го дале на суд, затоа што на Американската банка и должел 5 милиони долари.

Интересни се приказните околу тоа за што Пипен ги користел подигнатите кредити: си купил за себе приватен авион од 4,4 милиони долари, а после се испоставило дека авионот не летал и дека за поправка требале да одат уште 1 милион долари.

На почетокот на 2000-те години на сајтот CNBC.com се појавила статија за „15 спортисти кои банкротирале“. На неа бил и Пипен кој наводно изгубил 120 милиони долари од кои 4 милиони за приватен авион кој не бил во возна состојба уште 4 месеци пред Скоти да го купи.

Оваа информација за наводен банкрот се раширила по интернет. И што направил Пипен?

На суд дал десетина сајтови и од секој барал по 1 милион долари за ширење на лажна вест и клевета.

Тој пред судот претставил документи со кои докажал дека на сметките му преостанале најмалку 40 милиони долари во последната деценија. Но Пипен не можел да добие на суд затоа што не можел да докаже дека авторот намерно сакал да го навреди или просто направил професионална грешка.

Тешко е да се каже каква материјална штета претрпел Пипен, но јасно е дека неговиот имиџ претрпел силен удар.

Демантите никој не ги забележал, ама затоа сите ги читале приказните за приватниот авион и оние од афро-американските весници кои пишувале дека „шесткратниот шампион сите пари ги потрошил на бели жени“.

ШТО БИЛО НА КРАЈ?

Во 2010-та Пипен сфатил дека уште не е стар за работа. Прво добил позиција во Чикаго, а набрзо и стана главен советник на Мајкл Рејнсдорф, претседателот на Булс.

Паралелно стана и стручен коментатор на телевизија, прво на кабелските мрежи во Чикаго а после на ESPN.

Постепено станувале познати и деталите од финансиите во животот на Пипен.

Со новиот и богат договор во Хјустон а потоа и во Портланд тој го сменил начинот на живот. Купил јахта вредна 10 милиони долари, купил огромен ресорт на Флорида а со приватниот авион се возел така често што пилотот го советувал да „почне да вози“. Истовремено го сменил и финансискиот советник кој претходно го држел конзервативно.

Едно време советник му станал Роберт Лан, поранешен банкар и финансиер. Неговото име стана познато на јавноста кога токму Скоти во 2004-та го дал на суд и добил 11,8 милиони долари од него.

Пипен покренал тужба дека поради советите на Лан кој во 1999-та им го препорачувале во Чикаго, изгубил 20-27 милиони долари во ризични инвестиции како: мала авио-компанија која имала летови меѓу Чикаго и Њу Џерси, произведувач на гитари, скари за гурмани, интернет стартап итн.

Дел од парите Лан просто си ги присвојувал за себе. Дел враќал долгови во комерцијални недвижнини.

Во тој период Пипен буквално „берел“ плодови од советниците кои ги давал на суд.

После инцидентот со неисправниот авион, Пипен на суд не го дал само советникот туку и адвокатската фирма и сметководството преку кое поминала набавката на неисправниот авион. Го добил спорот и земал 2 милиони долари. 

Дури во 2016-та година Лан бил осуден на три години за измама. Тој го искористил потписот на Пипен и земал на негово име кредит од 1,4 милиони долари (наводно за ремонт на авионот кој и самиот им препорачал да го купат) за да ги врати долговите.

Во истата 2016-та година Пипен се развел и од сопругата Ларса Пипен.

Периодов финансиската состојба на Скоти Пипен е проценета на околу 50 милиони американски долари.

НАЈНОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ЧИКАГО И ЏОРДАН СО РЕКОРДНА ГЛЕДАНОСТ