Во двомечот од полуфиналето на ЛШ во 2006/2007 меѓу Милан и Манчестер Јунајтед паднаа 8 гола. На „Олд Трафорд“ на првиот дуел на денешен ден пред 13 години, Англичаните славеа 3-2 со два гола на Руни и еден на Роналдо. Кака ги постигна двата за Милан од кои едниот се памти одлично и 13 години подоцна. На реваншот Бразилецот постигна уште еден гол во триумфот на Милан од 3-0.