Еднаш на Лампард му измериле IQ 150 после една повреда на Џон Тери

Клупските медицински лица и вработените во компанијата која што направила IQ тестови за повеќе играчи на Челси биле зачудени од резултатите на Лампард кои ги има само 0,1% од населението.

Финалето на англискиот Лига Куп во 2007-ма година е еден од најдобрите одиграни во историјата на овој турнир. За да се долови тензијата од мечот меѓу градските ривали Челси и Арсенал од тоа финале, доволно е само да се видат неколку фотографии од стадионот „Милениум“ во Кардиф:

Неколку тепачки, три исклучувања, влетани во терен Арсен Венгер и Жозе Мурињо и победничкиот гол на Дидие Дрогба во 84' минута за 2-1. Претходно Тео Волкот го отвори резултатот во 12-та, а Дрогба израмни во 20' минута.

Во еден момент по ненамерниот удар од Абу Диаби, Џон Тери како покосен падна на теренот и изгуби свест. Играчите и навивачите се преплашија зошто Тери не мрдаше

Капитенот на Челси долго време не се опорави а после го изнесоа од теренот со симптоми налик на потрес на мозок.

Следниот ден после финалето, Тери го подвргнале на детални испитувања и процедури. Клупскиот доктор Брајан Инглиш бил загрижен за можните последици од ударот во главата на Тери и за да бидат мирни и безбедни, го пратил Тери на тест по IQ.

Друштво на капитенот му правеле неколку играчи на Челси меѓу кои и Френк Лампард.

Тестот покажал дека Тери не доживеал никаков потрес на мозок, капитенот дури и имал трет најдобар резултат во екипата, а сите ги зачудил Лампард.

„Резултатите на Френк се покажаа рекордни во историјата на компанијата која што го спроведе тестирањето. Неговиот резултат беше поголем од мојот“, се чудел докторот Брајан Инглиш.

Лампард имал резултат по IQ 150. На таков резултат е способно само 0,1% од планетата. Според едно истражување на BBC, IQ-то на Бил Гејтс било 160, а на Барак Обама 137.

„Да, јас имав околу 150. Не знам како излезе, тоа ги изненади моите пријатели. Горд сум на резултатот“, потврдил Лампард во интервју за Sky Sports после неколку години. 

Лампард се покажал како најинтелигентен фудбалер на Челси, а тоа не било изненадување за оние кои го познавале од близу.

Френк бил одличен во основно и средно образование. Во неговата диплома има 12 максимални оценки (за добивање сертификат се доволно 5). Интересно е што имал највисоки оценки и по латински и по руски јазик.

Тренерот на Челси пишувал и детски раскази и не само за своите деца, туку за сите.

ТЕСТОТ ЗА IQ Е СОСТАВЕН ОД ЗАДАЧИ ЗА АРИТМЕТИКА, ПОМНЕЊЕ И ЛОГИКА, НО РЕЗУЛТАТИТЕ НЕ СЕ 100% ВЕРНИ

За IQ тест слушнале речиси сите, но ретко кој знае како изгледа тој тест. IQ во буквален превод значи коефицент на интелектот, но методитката е редовно критикувана од научната и стручната јавност.

На испитаникот му се предлага да одговори на неколку прашања - за логика, за аритметика и за помнење. Пример има задача како следнава:

37, 34, 31, 28. Кој треба да е следен број?

******

За тестот да биде задоволителен, просечниот резултат треба да биде рамен на 100, а мнозинското население има резултат кој се движи во рамките од 75 до 115. Повеќе од 130 е показател на натпросечна интелегнтна надареност, а под 70 значи подпросечно интелегентен.

Постојат десетина верзии на IQ тест, а една од најпознатите е тестот Ајзенк. Повеќето кои би ги нашле на Гугл се упростени и нерелевантни.

24 април 2020 - 11:25