Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
Со двете мајстории на Николас Пепе во 80-та и 92-ра, фудбалерите на Арсенал се спасија од срам против Виторија Гимараеш. Пресврт во 90-та направи и Селтик против Лацио.
Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение.
Стефан Ристовски е единствен македонски репрезентативец сезонава во Лига Европа, но и тој вечерва не настапи поради повреда против ПСВ кој го совлада Спортинг. Дуделанж од Луксембург стигна до првата победа во ЛЕ и тоа со херојски пресврт на гости.