Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над ТАВ

Џонсон Мети, Ван Хоол и Лукоил славеа победи во четвртиот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Џонсон Мети го издржа притисокот и триумфираше над Македонски Телеком

Македонски Телеком (1-5) Џонсон Мети

Македонски Телеком: Михајло Лазаевски 18’ 28’ 30’ 33’

Џонсон Мети:Александар Недев 2’ Бојан Дејановски 5’ 8’ Благојче Божиновски 13’ Љупче Стојановски 12’ Стефан Јовановски 23’

Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори дуелот против екипата на Македонски Телеком, тие со рано водство уште во втората минута го изненадија противникот, а веќе до 8та минута се стекнаа со високо водство од 0-3. Екипата на Македноски Телеком во ова полувреме не успеваше да ја пронајде својата препознатлива игра па екипата на Џонсон Мети го доби ова полувреме со резултат од1-5.Во второто полувреме видовме една нова екипа на Телеком која започна со многу поагресивна игра и преку расположениот за игра Лазаревски успеа да фати резултатски приклучок и да се доближи до два гола негатива. Сепак екипата на Џонсон Мети доста умешно ги одработи последните минути од натпреварот и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со резултат од 4-6.

Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над ТАВ

ТАВ 1-4(1-2) Ван Хоол

ТАВ: Тодорче Наковски 2’

Ван Хоол: Антонио Петровски 26’ 31’ Филип Белчовски 3’ 20’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Ван Хоол, прва до водство дојде екипата на ТАВ со погодокот на Насковски во 2та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Ван Хоол со голот на Велчовски за израмнување на резултатот. По овие воведни погодоци следуваше вистинска бркотница на теренот со многу шанси за погодок и на двете страни, екипата на Ван Хоол имаше шанса преку пенал во 14та минута да дојде до водство но голманот на ТАВ успеа да го сочува својот гол. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол искористи грешка во одбраната на ТАВ па на полувремето замина со предност од 1-2. Во второто полувреме видовме една нова слика кај екипата на Ван Хоол која со многу посигурна игра во фаза на одбрана и напад успеваше да ја контролира играта а со тоа дојде и резултатот. Ова второ полувреме голманот Петровски со два одлични погодоци ја осигура победата на Ван Хоол со резултат од 1-4.

Лукоил ја стартуваше новата сезона со победа над Уни Банка

Лукоил 4-2(3-0) Уни Банка

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 5’ Гоце Мојсоски 16’ 35’ Владимир Секуловски 19’

Уни Банка: Ивица Орозовски 28’ Методиј Христовски 40’

Интересно првополувреме одиграа екипите на Лукоил и Уни Банка екипата на Лукоил уште од самиот старт ја превзема иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на противникот што резултираше со водство од 1-0 во 5та минута. По оваа негатива екипата на Уни Банка го подигна темпото на игра па успеа да креира неколку шанси за израмнување но имаше слаба реализација што Лукоил го казни со погодок во 16та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да искористи грешка во одбраната на Уни Банка па на полувремето замина со солидна предност од 3-0. На стартот од второто полувреме екипата на Уни Банка преку Орозовски пропушти изгледна шанса за погодок како би фатиле резултатски приклучок. Екипата на Лукоил ја имаше топката во посед и со долги напади го успори темпото на игра. Екипата на Уни Банка во 28та минута успеа да постигне погодок за намалување на резултатот на 3-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Лукоил не дозволи изненадување, успеа да реализира и да го добие овој натпревар со 4-2.

27 септември 2019 - 12:21