Уни Банка со одлично второ полувреме до победа над Гранит

Во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Уни Банка, ЈСП и А1.

А1 со пресврт до победа над Окта

Окта 3-6(2-1) А1

Окта: Иван Димитриевски 12’ Александар Јовчевски 15’ Драганчо Ѓоргиевски 36’

А1: Иле Никодиновски 1’ 33’ Никола Спасевски 25’ Мартин Тодоровски 32’ 34’ Мартин Ангеловски 35’

Одличен старт за екипата на А1 во дуелот со екипата на Окта во првата минута и водство од 0-1. По овој рано постигнат погодок двете екипи започнаа со отворен ситл на игра па се редеа шанси на двете страни. Екипата на Окта беше таа која вршеше притисок кон голот на А1 што вроди со плод со погодоци во 12та и 15та минута за целосен резултатски пресврт. По овој пресврт се сменија улогите на теренот па екипата на А1 беше таа која бркаше резултатот но не успеа во таа намера па на полувремето се замина со 2-1 за Окта. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да постигне погодок во 25та минута и да о израмни резултатот. Овој погодок леа сигурност во играта на А1 кои продолжија со континуиранни напади кон голот на Окта и за само неколку минути успеаа да го превземат водството. Екипата на Окта и покрај сите обиди да се врати во натпреварот не успеа во таа намера па го загуби овој натпревар со 3-6.

Уни Банка со одлично второ полувреме до победа над Гранит

Уни Банка 5-3(2-2) Гранит

Уни Банка: Ангел Петков 11’ Ѓорѓи Пецевски 12’ Ненад Саздовски 25’ 30’ Марко Ташков 38’

Гранит: Николче Глигуровски 1’ Александар Димитриевски 19’ Саше Каровски 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Гранит, екипата на Гранит со погодок во првата минута одлично го отвори овој натпревар. По ова екипата на Уни Банка започна со силен притисок кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, а тоа им успеа во 11та минута со голот на Петков за 1-1. Во следната минута екипата на Уни Банка успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт и водство од 2-1. И кога се очекуваше дека на полувреме екипата на Уни Банка ќе замине со предност, голманот на Гранит со одличен погодок донесе израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на Уни Банка влезе многу мотивирана и уште на самиот старт успеа да постигне погодок за повторно водство во натпреварот. Екипата на Гранит со чести ротации на играчи се обидуваше да ја пронајде својата игра но екипата на Уни Банка доста умешно преку контра напади успеваше да ги казни. На крајот овој натревар го доби екипата на Уни Банка со 5-3.

ЈСП со сигурна игра до победа над Водовод

ЈСП 10-4(5-1) Водовод

ЈСП: Љупчо Павловиќ 5’ 22’ Гоце Крстевски 11’ 39’ Тихо Фидановски 18’ 19’ 20’ 34’ 37’ 40’ Сашо Ѓеоргиев 22’

Водовод: Бесим Муслиу 8’ Столе Ивановски 29’ Авни Ајвази 37’ Стојанче Величковски 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Водовод, прва до водство дојде екипата на ЈСП со голот на Павловиќ во 5та минута. Следуваше брз одговора на екипата на Водовод со погодокот на Муслиу во 8та минута за израмнување на резултатот на 1-1. Кон средината на полувремето поточно во 11та минута со голот на Крстевски екипата на ЈСП дојде до ново водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Водовод беше таа која го бркаше резултатот на ЈСП не остави простор за игра и со одлична игра во фаза на одбрана успеа да го сочува својот гол и да го добие ова полувреме со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на Водовод со сите сили се обидуваше да ја намали високата разлика од полувремето но не успеа во таа намера бидејќи екипата на ЈСП одлично ја постави својата игра во фаза на одбрана и напад и имаше целосна контрола врз играта и резултатот На крајот екипата на ЈСП го доби овој натпревар со високи 10-4

24 октомври 2019 - 16:12