Лукоил со пресврт до победа над ЕЛЕМ

Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Еуро Табак, Макпетрол, Лукоил и Ван Хоол.

Ван Хоол со сигурна игра до победа над ФК на глуви Слобода

ФК на глуви Слобода 3-6(1-3) Ван Хоол

ФК на глуви Слобода: Сатула Алими 11’ Јасин Алими 23’ Ибо Шакиров 29’

Ван Хоол: Антонио Петровски 20’ Даниел Стаменковски 18’ 40’ Ненад Саздовски 8’ 24’ Филип Белчовски 32’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Ван Хоол, прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодок во 8та минута. Екипата на ФК на глуви Слобода брзо успеа да се врати резултатски во натпреварот со погодок во 11та минута за израмнување на 1-1. Натпреварот продолжи во висок ритам на игра, а последните минути од полувремето и припадна на екипата на Ван Хоол која со погодоци во 18та и 20та минута успеаа да се стекне со водство од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на ФК на глуви Слобода успеа да постигне погодок и да дојде на само гол негатива, следуваше брз одговор со вториот гол на Саздовски за повторно екипата на Ван Хоол да го зголеми водството на 2-4. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол имаше повеќе од играта па го доби овој натпревар со 3-6.

Лукоил со пресврт до победа над ЕЛЕМ

Лукоил 5-2(1-2) ЕЛЕМ

Лукоил: Дејан Зиков 17’ 25’ Мартин Алаѓозовски 23’ Лоренцо Николовски 34’ Васко Стефанов 36’

ЕЛЕМ: Ивица Апостоловски 15’ Сенвет Реџепи 20’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Лукоил и ЕЛЕМ помина во мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето и двете екипи го засилуваа темпото на игра па почнаа и да се редат шанси на двете страни, во таквата отворена игра екипата на ЕЛЕМ беше таа која што го отвори резултатот со погодок во 15та минута. Екипата на Лукоил во 17та минута успеа да возврати за резултатски егал. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со израмнет резултат екипата на ЕЛЕМ буквално во последната секунда од полувремето со голот на Реџепи успеа да дојде до предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил со фуриозн почеток успеа за само неколку минути да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на ЕЛЕМ по овој шок во раната фаза во текот на целото полувреме се обидуваше да ја пронајде својата игра со цел да дојде до израмнување, но сепак екипата на Лукоил со одлично поставена игра не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 5-2.

Екипата на Макпетрол убедлива во дуелот со Тиквеш

Тиквеш 3-14(2-7) Макпетрол

Тиквеш: Нонислав Рангеловски 20’ Деко МАрков 40’ Филип Велјановски 15’

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиевски 4’ 5’ 19’ 30’ Марко костенцовски 6’ 24’ 38’ Ибраим Исмаили 14’ Игор Стојковски 27’ 39’ Никола Секуловски 14’ Александар Мишоски 18’ Христијан Мицевски 32’ 35’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Тиквеш и Макпетрол во целост и припадна на екипата на Макпетрол која уште на самиот старт се стекна со комотно водство па веќе во 6та минута беше 0-3. Екипата на Тиквеш во овој натпревар влезе со намален ростер на играчи што се одрази на нивната игра. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол го диктираше темпото на игра и од минута во минута го зголемуваше водството на крајот ова полувреме го добија со високи 2-7. Во второто полувреме екипата на Тиквеш се обиде на сите можни начини да ја намали високата предност од полувремето но едноставно не успеваше да најде противигра за денес расположениот Макпетрол. Екипата на Макпетрол имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со високи 3-14.

Јовановски џокер кај Еуро Табак за победа над Окта

Еуро Табак5-2(1-2) Окта

Еуро Табак: Мартин Ливрински 21’ 40’ Дејан Јанковски 17’ Григориј Јовановски 35’ 38’

Окта: Наум Костовски 11’ Иван ДИмитриевски 14’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Еуро Табак и Окта помина во жесток ритам со многу борба за секоја педа од теренот но без изгледни прилики за погодок бидејќи и двете екипи беа претпазливи, па затоа и изостанаа погодоците. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со поофанзивен стил на игра што и донесе погодок на екипата на Окта во 11та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Еуро Табак започна со поагресивна игра и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, но таквата отворена игра екипата на Окта ја казни во 14та минута кога со проектилот на Димитриевски зголеми на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок што и успеа во 17та минута со погодокот на Јанковски и намалување на резлутатот на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак уште на самиот старт се префрли на противничката половина што даде резултат уште 21та минута кога го израмнјиа резултатот на 2-2. По што следеше одлична игра во која Еуро Табак од ракав го извади својот џокер Јовановски кој имаше своја вечер и со одлична реализација од два погооци едно подруго успеа да и донесе победа на екипата на Еуро Табак од 5-2.

16 октомври 2019 - 14:24